ПРЕМИЕРЕ, МИЛА ЦАРОВСКА, БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МУ НА РИСТЕ БАЊЕГЛАВ ОД КАВАДАРЦИ

Објавено на 31.10.2019 во 23:31:40 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ја молам владата да му помогне на земјоделецот Ристе Бањеглав од Карбинци, Штип.

Човекот го познавам долго време, подобар човек ретко може да сретнеш во животот.

Вреден, има фарма за кози, домаќин човек, со мали дечиња, мирен, прекрасен.

Згрешил, позајмил пари од лихвари и сега му ја земале и куќата и фармата.

Ја молам владата некако да му помогне, со бесплатна правна помош, со донации, со совети, со морална поддршка...

Некој нека му излезе на човекот во пресрет, млад е има само 30 години, сирак е, мислам дека е без татко, има пред себе многу да и даде на државата, сега ние да му дадеме нему, сега е на нас редот.

Ве молам премиере Заев, помогнете ако можете. Човекот е толку храбар и чесен што беше кандидат за градоначалник против ВМРО ДПМНЕ кога Груевизмот беше најсилен, во 2013-та!

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија