ДА НЕ ГИ ЗАТВОРАМЕ КЛАДИЛНИЦИТЕ ТОА САМО ЌЕ КРЕИРА НЕЛЕГАЛНИ КЛАДИЛНИЦИ СО КОИ ДРЖАВАТА ЌЕ ИЗГУБИ ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА ДАНОК

Објавено на 29.10.2019 во 13:43:36 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Навистина во моментов сме пред одлука која ќе нанесе огромна штета врз државата.

ДУИ турка предлог закон во собрание со кој ќе се дислоцираат кладилниците и коцкарниците на 500 метра од образовна институција, што ќе нанесе огромна штета врз оваа економска гранка и ќе значи бркање од работа на 7000 вработени и губење на десетици милиони евра данок кој сега се слева во буџетот.

Решението според мене е повеќе кампања за одговорно играње и кладење со можност зависниците да се лечат не сметка на државата или на овие компании.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Но за се може да се стекне зависност така е и со алкохол и со цигари и со видео игри па и со храна, па сето тоа не е забрането нели?

Со овој закон само ќе се стимулира сивата економија и криминалните активности но нема да се искорени оваа навика од модерното живеење. 

Покер апарати и кладилници има секаде во светот и тоа е светски тренд и со тоа што се инсистира кај нас таа гранка да се искорени ќе се направи голема штета.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Само 3% од популацијата оди во коцкарници додека од даноците се полнат буџетите на државата и општините.

Тоа се навики и хоби кои ќе можат лесно да се остварат во соседството па така ќе ги избркаме нашите клиенти и нашите бизниси во некоја соседна земја.

Апел до ДУИ и СДСМ да внимаваат при овие измени и да најдат најдобро решение кое ќе оди во прилог на сите страни во оваа дебата.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија