ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БУБАШВАБИ ОТПОРНИ НА НУКЛЕАРКИ

Објавено на 21.10.2019 во 11:39:04 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Еј човече, прво владееја режимски диктаторски мафијашки насилнички со насилие со криминал со злоупотреба на цел државен апарат.

За 12 години земјата ја уништија финансиски, стратешки, пола милион се иселија, ја задолжија со 3 милијарди евра, парите ги лупнаа за глупости и пола ги украдоа.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Апсеа политички противници, полнеа затвори со судски местенки, затвораа медиуми брутално, владееја со владина режимска пропаганда платена со народни пари.

Потоа сето тоа го слушнавме во бомбите, како краделе, како кревале објекти во воздух со динамит, како уредувале вести, како криеле убиства, како местеле тендери, провизии, како краделе избори...

Потоа пробаа да убијат пратеници во собрание и да предизвикаат граѓанска војна, за малце ќе им успееше.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Потоа бесрамно се бореа за амнестија и спас на мафијашите и зликовците.

Пола избегаа по цел свет за да се спасат од ќорка.

И после сето тоа, се уште се борат, претаат, пркосат, дури се спремаат на власт да се врателе, да владееле?!?! Малце им било 12 години пљачка и лудување, државата ќе ја враќале на прав пат?!?!

Ќе ја реформирале државата?! Демек они своите гомна ќе ги чистеле, пошо се нивни најдобро знаат како да ги очистат?!?!

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Еј ни тронка каење, срам, одговорност, молк поради пораз, не бре брате како бубашваби отпорни и на нуклеарки, цепаат право ич не им чуе, што створења ќе беа што стока ќе беше што изроди ќе беа што багра немиена ненормална ќе беа човече божји?!?!?!

Ова е нешто неверојатно!

Дури сум и импресиониран од упорноста на овие наши бубашваби, човече ништо не ги ништи ништо не ги спречува ова се како интергалактички гремлини кои јадат се пред себе и ништо не може да им застане на патот!!!

Еј човече купуваат нови куртони, прават контра офанзиви, идат у контра напад човече?!?!

Во меѓувреме се што лажеа беа фатени, го лажеа народот со некакви тирански платформи, па го лажеа дека со преспански договор ќе исчезнеме, па го лажеа народот со некакви бегалски кампови, па со некакви УЧК командоси кои чекале на граница да влезат и да не уништат, абе што се не ислажаа, мајмуни едни ненормални!

И не престануваат, секој ден нова измислица, нова лажна вест, без црвени линии без никаков осет стам одговорност кочница, како камикази летаат со 300 на саат, што ќе се прави со оваа стока нездрава?!?!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија