Топол дом за мајка и пет дечиња од Митко Јанчев: Не смееме да дозволиме деца да пишуваат домашно на свеќа!

Објавено на 20.10.2019 во 21:35:18 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Младата самохрана мајка Сабина од Ваташа, Кавадарци, заедно со своите пет малолетни деца зимата ќе ја помине во толоп дом, каде по долго време повторно ќе светнат сијалиците.

Во својата трошна куќарка таа нема да треба да се грижи како ќе ги преживее ладните месеци кои доаѓаат, бидејќи од денес започнува новото поглавје во нивните животи. Имено, жената која живее од помошта за трето дете и од повремени дневници кои ги заработува чистејќи по домовите низ Кавадарци, денес на свое барање се сретна со градоначалникот Митко Јанчев, кој откако виде во какви услови преживува семејството, без двоумење ја понуди својата помош.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

-Нема што да се чека, ниту пак да се размислува. Се работи за мајка на пет деца, од кои некои одат и во училиште. Жената се грижи за нив, целосно им е посветена и ова семејство заслужува шанса за подобар живот. Затоа решив да им помогнам, заедно со мене ќе се вклучи и дел од бизнис секторот. Ќе се реновира нивниот дом, ќе им направиме пристојно место за живот, ќе добијат ново купатило, кујна, ново броило за електрична енергија, сите долгови ќе им бидат подмирени. Исто така, ќе ги обезбедиме сите апарати за домаќинството, машина за алишта, шпорет, фрижидер, се што е потребно за да се функционира нормално – раскажува за „Фокус” градоначалникот.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Вели дека е недопустливо пет мали деца кои се редовни во училиштето и се трудат да и помогнат на својата мајка колку што можат, да живеат без електрична енергија и да пишуваат домашни задачи на свеќа.

Тврди дека новиот, реновиран дом семејството ќе го добие во најкраток можен рок, додека се уште не започнале студовите.

-Најкасно до 20-ти ноември ќе се заврши со реконструкцијата на домот на Сабина. Доаѓа зима, не може пет деца да бидат оставени на милост и немилост. Денес видов и се уверив како тие живеат, нема простор за чекање. Ранливите категории на граѓани секогаш треба да се приоритет во општеството. Ветив дека во Кавадарци нема да има гладни граѓани. Со оваа помош, мајката ќе може да започне од почеток, нов живот, без долгови, а дечињата ќе можат безгрижно да учат – ни изјави Јанчев.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет