Пендаровски: ВМРОВЦИТЕ ветија дека нема да теглат накај Москва, ги убедив така што им реков дека Будимпешта е во ЕУ!

Објавено на 20.10.2019 во 19:37:09 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
(НАСЛОВОТ Е ПАРОДИЈА НА РЕДАКЦИЈАТА НА МАКТЕЛ НА ОРИГИНАЛОТ - ПАРТИИТЕ СЕ СОГЛАСИЈА ДА РАБОТАТ ЗА ПОБРЗ ВЛЕЗ ВО ЕУ)

Сите лидери на политичките партии застанаа зад идејата Северна Македонија што поскоро да ги заврши преговорите со ЕУ и сите  присутни рекоа НЕ за било какви алтернативи, рече претседателот Стево Пендаровски на паузата, по завршување на првиот дел од разговорите со лидерите на најголемите политички партии.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Мило ми е што сите лидери застанаа зад идејата Северна Македонија што поскоро да ги заврши преговорите со ЕУ и сите  присутни рекоа НЕ за било какви алтернативи. Во однос на ЕУ ние сме дел до Европа и имаме право да бидеме дел, кога ќе ги задоволиме сите критериуми. Имаме комплетен консензуз и сите се обврзаа да работат за што побрз влез во ЕУ,“рече претседателот Пендаровски.

Тој потенцира дека во првиот дел од разговорите побарал да се реафирмираа ставот на државата, а разговарале и околу неодамнешниоте заклучуци од советот на ЕУ.

„Нашата држава е по трет пат во слична ситуација, во 1991 година  имавме слична ситуација. И во 2008 година бевме во слична ситуација на саминот на НАТО во Букурешт кога бевме блокирани“ рече Пендаровски.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Тој појасни зошто се повикани лидерите на најголемите партии и нагласи дека тоа е заради тоа што се дел од коалицијата.

Пендаровски рече дека во однос на процесот на зачленување во НАТО, досега 24 земји од 29 членки кои го ратификувале Протоколот. Тој рече дека денеска на лидерите им го предочил фактот дека откако сите 29 земји членки ќе ја заврпат ратификацијата, последниот чекор е ратификацијата во нашиот Парламент. Поради тоа тој побарал од нив да го имаат предвид овој факт кога разговараат за предвремени избори, за да не дојде до евентуално одложување на ратификацијата кај нас од технички причини.

И вториот дел од средбата кој се очекува да заврши до 20 часот ќе се разговара за можноста за предвремени парламентарни избори.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет