И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА ГО ЧИСТЕШЕ КЕЈОТ НА ВАРДАР ЗАЕДНО СО АМБАСАДОРИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ НА ПИВАРА СКОПЈЕ

Објавено на 20.10.2019 во 11:04:24 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Се приклучив кон акцијата на Пивара Скопје за чистење на кејот на реката Вардар. Здружени успеавме да исчистиме неколку километри од кејот кој се наоѓа територијално во општина Гази Баба.

Во акцијата која се спроведе во рамки на повеќегодишната платформа “Рециклиравте ли?” учествуваа и амбасадорите на Холандија, Велика Британија и САД како и голем број на компании. Беше собран целиот сув отпад, кој соодветно го селектиравме, а потоа и рециклиран.

Преку ова акција покажуваме дека свеста кај сите луѓе треба да биде на високо ниво, дека јавниот простор и животната средина мора заедно да ја одржуваме чиста затоа што колку повеќе водиме сметка за хигиената околу нас, толку по здрава средина ќе имаме. Големо благодарам до Пивара Скопје кои како општествено одговорна компанија ја организираа оваа акција.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет