ОТКАКО ВЧЕРА НЕ ЗАКОПА, ДЕНЕСКА МАКРОН НИ ФРЛА СОЛ НА ОТВОРЕНА РАНА: МИСЛАМ ДЕКА МОЖЕБИ ЗАПАДЕН БАЛКАН НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ЕУ!!!

Објавено на 18.10.2019 во 15:39:58 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

Францускиот претседател, Емануел Макрон во првото обраќање пред јавноста откако ги блокираше преговорите со Македонија и Албанија вчера, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите од соседството на ЕУ, доведувајќи го за прв пат јавно во прашање европската иднина и перспектива на земјите од западниот Балкан дадена во Солун во 2003.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

-Разговаравме за визијата на секој од нас за Европа, јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството, рече Макрон и додаде дека ЕУ не функционира каква што е сега.

Тој истакна дека со „овие земји“ треба да се има „стратешка агенда“, но дека не нужно тие треба да бидат идни земји членки на ЕУ.

Макрон ја повтори потребата за реформа на процесот на преговори со земјите-кандидати и побара тој да биде реверзибилен, односно да може да биде стопиран.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Францускиот претседател посебно ги поздрави напорите на премиерот Зоран Заев за Преспанскиот договор и за уставните измени.

-Тие измени беа дел од барањата на ЕУ, но повеќе земји имаа резерви, не затоа што нема напредок, напредок има, но има некохерентности меѓу другото во однос на миграцијата и почитувањето на одредени правила, изјави Макрон.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ова се лудости од страна на Макрон, ова никој не го очекуваше, ваков геостратешки потрес немало од падот на комунизмот во 1990-та година и обединувањето на Германија.

Макрон е преплашен од Мари Ле Пен и од радикалната десница и се обидува да ја емитира и емулира за да остане на власт.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет