СИНОЌА СЕ ОДВИВАЛА ВИСТИНСКА ДРАМА ВО БРИСЕЛ ДО 2 ЧАСОТ ПО ПОЛНОЌ: Поради жестока критика од колегите за С. Македонија, Макрон го напуштил состанокот и заминал во прегратка кај учителката

Објавено на 18.10.2019 во 14:44:42 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го напуштил денешното продолжение на Европскиот совет, соочен со жестока критика од повеќемина колеги од други земји-членки поради тоа што не се согласува со одлука за отворање преговори со Северна Македонија, сведочи за „360 Степени“ дипломат присутен на состанокот.

динствениот заклучок од самитот на ЕУ кој завршува денеска во Брисел се очекува да биде дека „Европскиот совет ќе се наврати на прашањето на проширувањето пред самитот во Загреб“, велат извори на Дојче веле во Брисел. Од јануари 2020 година Хрватска го презема претседавањето со ЕУ. Според најавите од Брисел, на почетокот на годинава ќе се очекува и францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Според информациите од Брисел, 25 земји членки поддржувале почеток на преговорите со двете балкански земји, две биле за нивно раздвојување, додека Франција се противела на обете идеи. Дипломатски извори тврдат дека Франција ја поддржувала Германија во спротивставувањето да се одвојат Македонија и Албанија, затоа што така полесно ќе го блокира напредокот на обете земји.

„Макрон се демаскираше како популист на темата проширување на ЕУ“, вели неименуван дипломат на ЕУ цитиран од дописникот на вториот канал на германскиот јавен сервис ЗДФ.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров претпладнево преку Твитер ја повика ЕУ дали се уште стои на ветувања од самитот во Солун во 2003 година.

„Најмалку што ни должи ЕУ е да биде искрена со нас. Доколку веќе не постои консензус за европската иднина на Западниот Балкан, доколку ветувањето од Солун 2003 веќе не важи, граѓаните заслужуваат да знаат“, напиша Димитров.

Интензивна и тешка дебата

Лидерите на ЕУ синоќа речиси шест часа безуспешно расправале за отворањето преговори со Македонија и Албанија. Фрустрациите од неуспехот утрово ги манифестираа повеќе премиери на земји-членки.

Некои многу богати држави избегнуваат да си го одржат ветувањето, констатираше утрово пред продолжението на самитот, полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Можеме уште многу да зборуваме за тоа да се биде Европеец, но што значи да се биде Европеец доколку не го шириме нашето влијание, не ја прошируваме Унијата?“, рече Моравјецки.

Австриската канцеларка Бригите Бирлајн рече дека неуспехот да им се овозможи почеток на преговорите на Скопје и Тирана е „за жалење“.

„Веќе разменив мислења со двајцата премиери и им го изразив своето разочарување“. И албанскиот и македонскиот премиер се многу разочарани, рече Бирлајн.

Италијанскиот премиер Ѓузепе Конте изјави дека е „многу разочаран“ поради неуспехот. Тој рече дека се надева оти разочарувањето и болката нема да ги фрлат во очај Северна Македонија и Албанија“.

„Италија секогаш ќе биде блиска со нив и ќе поддржи да биде блиска со нив“.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Белгискиот премиер, и иден претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека четврточната дебата за проширувањето била многу „интензивна“ и тешка, но лидерите одлучиле дека е невозможно да се најде компромис.

Според дипломатски извори кои ги пренесува порталот Политико, Мишел не бил многу заинтересиран за проширувањето и ја поддржувал француската позиција.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш рече дека одобрувањето на почетокот на преговорите требало да биде формалност, откако Европската комисија констатирала дека обете земји ги исполнуваат критериумите.
„Им ветивме. Многу сум разочаран“, изјави Бабиш.

Холандскиот премиер Марк Руте ги тешеше владите во Скопје и Тирана со признание за досегашните успеси, но дополни дека обете имаат уште работа со тоа што „листата на задачи е подолга за Албанија“.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет