ПОЛИТИЧКИ, ОВА НЕ Е ПОРАЗ: И Мицковски знае, и ВМРО-вците знаат, сите знаат - ЗАЕВ СЕ КАЧИ НА ВРВОТ, НЕ МУ ДАДОА ДА ГО ЗАБИЕ ЗНАМЕТО, НЕ Е ТОА ИСТО КАКО СЕ ОТКАЖАЛ НА ПОЛА ПАТ!!!

Објавено на 17.10.2019 во 21:54:17 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Најголемата мака на ВМРО ДПМНЕ е сега да го прикаже неуспехот како пораз на Заев.

Но вие може да доживеете неуспех на два начина, да потфрлите лично, на пример на искачување на врв да се откажете на пола пат или ако е фудбал да примите повеќе голови од што сте дале, но можете да доживеете неуспех и поради нанесена неправда, замислете некој не ви даде да го забиете знамето на врвот на кој сте се искачиле или судујата ви поништи пола од головите без никакви аргументи и ви исфрли пола од тимот со лажни црвени картони...

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Цел свет виде со свои очи, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖИ ДАТУМ! Но Макрон се испречи како магаре на мост и не му дозволи на Заев да го забоде знамето на врвот на нашиот Монт Еверест!

И тоа го знааа ти малите деца! И ВМРО ДПМНЕ ќе има голема мака сега неправдата да ја продаде како некадарност, мрзливост, лошо политичко визионерство итн итн...

Сите го видоа Заев на врвот, и сите видоа дека Макрон едноставно одби да ни ја отвори вратата за да го забиеме знамето и да се сликаме на врвот. 

Едноставно Макрон одлучи на игра курвински и затоа цел свет беше на наша страна!

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

ЗАТОА ВМРО ДПМНЕ НЕМА ДА ПРОФИТИРА НИТУ ЕДНЕ ПРОЦЕНТ ПОЛИТИЧКИ РЕЈТИНГ ОД ОВОЈ НЕПРАВЕДЕН НЕУСПЕХ!!!

НАПРОТИВ, ЗАЕВ Е УШТЕ ПОГОЛЕМ ХЕРОЈ И ТАТКО НА НАЦИЈАТА!!!

СИМПАТИИТЕ ОД ЦЕЛ СВЕТ И ОД ДОМА СЕ НА НЕГОВО КОНТО!!!

И ВО БЕЛАТА ПАЛАТА ТОА ГО ЗНААТ НО ЌЕ СЕ МАЧАТ ДА СЕ ОБИДАТ НЕШТО ДА УПЕЦААТ, НО ТОА ЌЕ БИДЕ НЕУСПЕШНО!

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Заев е ноќна мора од политичар ако си негова опозиција. Навистина е тешко од него да направиш негативец. Човекот има харизма, има добра визија, знае како да реагира на скандали, не би сакал да сум во кожата на ова раководство на ВМРО ДПМНЕ. Децении ќе поминат додека се најде човек кој ќе го победи Заев на избори. Тој е нашиот Френклин Рузвелт, човекот кој три пати победувал на избори во САД и мораше со устав да му забранат пак да се кандидира...

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија