АЈДЕ ЗАЕВ, ЗЕМАЈ ТОА МЕТЛАТА: Секоја петта институција постои само поради директорската фотелја!

Објавено на 17.10.2019 во 19:55:26 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Речиси една петина од институциите на јавниот сектор имаат помалку од 20 вработени, со што е невозможно да функционираат, и постојат за доделување функции на партиски луѓе, заклучува функционалната анализа на УНДП на јавната администрација, објавена во мај лани.

Според последниот извештај од регистарот на вработени во јавната администрација, за 2018 година, македонскиот јавен сектор има 1.314 институции, од кои 23 немаат вработени, 152 имаат до 10 вработени, а 483 од 11 до 50 вработени. Во овој извештај не е прикажан бројот на институции со помалку од 20 вработени.

Анализата на УНДП ги обработувала податоците за 2016 година. Тогаш имало 254 институции со помалку од 20 вработени, а повеќе од половина биле јавни установи.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Истражувањето откри дека стремежот кон бројни малечки тела на државната администрација, и особено државни и јавни претпријатија, можеби потекнува од политичката култура на обезбедување раководни позиции и придружни приходи за личности кои им се важни на политичките партии: партиски функционери и активисти, поранешни политичари и т.н… Овие раководни позиции често се пополнети со политички назначени/именувани лица, не со лица избрани преку отворена конкурентна процедура, па доделувањето на ваквите позиции и придружните приходи на лица со политички врски декако изгледа возможно“, се наведува во анализата.

Документот има 11 заклучоци и 28 препораки, меѓу кои и дека тешко може да се оправда постоењето на мали државни административни тела, кои со својот персонал не можат да ги остварат основните функции.

Според проценките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), функциите на поддршка во јавната администрација – буџетирање, администрација, водење евиденции, книговодство, правна служба, набавки… – опфаќаат околу 20-25 отсто од обемот на работа на институциите.

„Се чини дека практиката на политичко поставување на лица со партиски врски за раководители на државни административни тела, дополнета со блескавата неефикасност и големиот број мали тела на државната администрација, создава токсична култура на јавната администрација“, се вели во анализата за последиците од ваквата практика.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Згора на тоа, овие раководни позиции не влегуваат во евиденцијата на вработени во јавниот сектор, затоа што таа не ги опфаќа избраните и именуваните лица. Анализата проценува дека во телата на државната администрација има една до три раководни позиции, а во државните и јавните претпријатија од три до девет.

„Раководните позиции не се евидентираат како вработени во државните тела кои ги управуваат – и затоа вистинскиот број на вработени е погрешно претставен.“

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Анализата на УНДП во мај лани препорачала да се направи едногодишна анализа на малите институции и да се разгледа можноста за нивно спојување за да се добијат поголеми и поспособни тела. Во тригодишен период би требало да се направи анализа и да се централизираат функциите на поддршка на малите тела, а за една година да се разработи систем за конкурентно вработување за сите позиции во јавната администрација.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет