Меркел забрани продажба на оружје на Турција, по телефон побара од Ердоган веднаш да ја запре офанзивата во Сирија

Објавено на 14.10.2019 во 11:21:48 часот | Свет

* Реклами

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
  
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Берлин, 13 октомври 2019 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го повика турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган веднаш да ја запре воената офанзива во североисточна Сирија и го предупреди за можна нестабилност во регионот и заживување на терористичката Исламска држава.

Меркел во телефонски разговор го повика Ердоган веднаш да ја прекине воената интервенција против курдските сили во Сирија, соопшти канцеларијата на германската канцеларка.

Берлин и Париз вчера објавија дека прекинуваат со испораката на оружје за Турција, особено она оружје што може да се користи во офанзива во Сирија.

Турција во средата започна воена офанзива против курдските сили во североисточна Сирија затоа што тие сили ги смета за терористички.

 

 

* реклами:

loading...

Свет

Македонија