Секс скандал на соработник на Орбан може да биде погубен за локалните избори во Унгарија

Објавено на 13.10.2019 во 19:43:32 часот | Свет

* Реклами

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
  
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

Секс скандал со експлицитни снимки од соработник на Орбан ќе влијае на изборниот резултат, пишуваат медиумите на денешниот ден кога се во тек локалните избори во Унгарија.

Видеото со оргијата на Жолт Боркаи, поранешен олимписки шампион во гимнастика и градоначалник, кое се појави на интернет, датира од минатата година и снимено е на јахта во близина на Дубровник.

Тој е снимен и сликан како ужива во друштвото на неколку проститутки од Хрватска. Првите фотографии се појавија претходно и ставија дамка врз кампањата. Боркаи му се извини на своето семејство, но не даде отставка. Тој демантираше дека консумирал дрога со проститутките. Во кампањата се претставуваше како семеен човек промовирајќи ги христијанско конзервативните вредности.

ФОТО: EPA / ARIS OIKONOMOU / POOL

 

 

* реклами:

loading...

Свет

Македонија