На Геро му успеа невозможното, иако уште не е свесен за тоа - ДА ПРИСУСТВУВА НА СВОЈОТ НОВИНАРСКИ ПОГРЕБ!

Објавено на 26.09.2019 во 21:56:54 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Да присуствуваш на својот професионален погреб а да не си свесен за тоа, е тоа му успеа на суетниот его манијак Геро.

После 10 години битка со режимот, да се валкаш со тие режимски свињи платенички кои глумат жртви на некаков нов режим само за да го спасат претходниот режим и да го вратат пак на престолот за пак да цицаат 10 години милиони за мечкини сеанси у пештери, е тоа е навистина невиден потфат и успех!

Иронично секако. Иако мене Геро отсекогаш ми беше сомнителен.

Дури си мислам дека Геро одамна беше инсталиран елемент на Груевизмот во нашите редови.

Кога ќе си го вратам филмот, дури сега ми станува јасно зошто толку жестоко реагираше на мојот говор во собрание, зошто толку ме хејташе додека трчав по Груевци со мобилниот и не сакаше да ги емитува тие видеа на своите медиуми...

Дури сега ми е јасно зошто ширеше дефетизам пред изборите 2016-та, зошто навиваше за Гоца спротив Стево, зошто отсекогаш го хејташе Заев и го нарекуваше политичар од ситен формат.

Зошто цело време не се скара со Геро, Трендо, Жаре Еден на Еден и остала багра режимска.

Дури јавно го фалеше Хипо, топло се ракуваше со Кум Ставре, секогаш го бранеше Орце Камчев во хаваријата на МПМ...

Геро едноставно беше човек на режимот вешто инсталиран во нашите редови за да шири хаос, да ровари, да брави збрки, да фрфља, да прави штета...

Сега само паднаа маските. Но и така да е, пак е тоа новинарски погреб. Само што тогаш работите се дури многу појезиви...

Како и да е, човекот се самоутепа и тоа маестрално. Тажно ми е малце дури...

п.с Жива среќа што Палчо му го уапсија во Белград, колку ќе беше јако до Палчо да стои пред ОЈО, оф мори мајко мила ццц кое смешно човече...

И Миленко да не беше во Москва да снима па и он да застане до него... Ебати живот пише романе што би рекол легендата Перо Арсовски...

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија