Забележавте ли нешто многу интересно на средбата Заев - Мицотакис?

Објавено на 24.09.2019 во 22:46:26 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Неколку пати го гледав видеото од средбата меѓу Заев и Мицотакис.

Баш се прашував кога ќе има средба и како ли ќе помине.

Вечерва бев многу среќен, ме облеа едно убаво чувство.

Средбата меѓу двете делегации беше речиси магична, средба на две претходно завојувани страни, а сега пријателски земји со голем респект едни за други. 

Се чувствуваше една нова енергија, една нова хемија, прекрасно беше да се гледа краткото видео.

Баш сум среќен што дојде таква политичка ера каде Заев ги гради мостовите кои Груевци ги креваа со динамит и со багери и кранови ги кршеа на тронки.

Магијата, харизмата на Заев и Димитров е неверојатна, политичката визија на СДСМ и ДУИ е навистина моќна и продорна.

Прекрасно време да се биде на балканот во Северна Македонија. Доаѓаат убави времиња народе.

На прав пат сме. Ќе не биде! Се ќе биде во ред!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија