Ми се гади, ми се темни од оваа јавна безобразна дрска одбрана на криминалот на мафијата, ова го немало ни во Колумбија во времето на Пабло Ескобар

Објавено на 17.09.2019 во 20:50:13 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Одвратно е, ужасно, ми се гади кога читам како професори на УКИМ се радуваат што умрело СЈО и се борат жестоко ОЈО да не ги преземе предметите на СЈО!

Тоа го прави една Ванковска, еден Кајалџиев, новинари како Геровски, цела сурија други куртони како Златев, армија симпатизери на ВМРО ДПМНЕ урлаат од среќа што СЈО умрело и негодуваат што ОЈО ќе ги презело предметите.

Ги читам Миленко, Златев, Латас, Пандов и се чудам како овие луѓе јавно ОНАНИРААТ од радост што СЈО умрело, па гури и СЈО го прогласуваат за некаква мафијашка удбашка организација која ловела и линчувала невини?!?! Ццц...

Па добро бе, што е ВМРО ДПМНЕ, политичка партија или некаква терористичка ќелија каде се им е дозволено и членовите на таа организација ќе ги штитат своите идоли по секоја цена и за се ќе ги амнестираат?!?!

Како бе може вака дрско јавно да се брани криминал мене не ми е јасно?!?!

Па ова само еднаш успеало во светот, во ерата на нарко босот Пабло Ескобар во Колумбија кога тој од парите од дрогата правел народни кујни и фудбалски клубови па народот го сметал за свој херој иако тој убивал полицајци и судии и политичари со динамит!

И донекаде љубовта кон Аркан во Србија. И еве сега кај нас со љубовта кон Груевци!

Ми се гади од оваа перверзија, овие превртени вредности каде лоповите, апашите, баграта е заштитена од професори од новинари од јавни личности, каква беда каков ужас!!!

Оваа земја е проклета и гадна на моменти, многу е тешко некогаш да се живее во оваа вукојебина каде дел од јавноста е како дебил без два грама мозок!!!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија