ХЕРОИ, ВАКА СЕ САКА ДРЖАВАТА: Обвинителите од СЈО и утрово дојдоа на работа во зградата на Рузвелтова, ги чуваат предметите!!!

Објавено на 17.09.2019 во 20:42:17 часот | Македонија

Обвинителите од СЈО и утрово пристигнаа на работа во зградата на Рузвелтова, иако вчера Советот на јавните обвинители реши да ги врати во обвинителствата каде што претходно работеа. Така и ќе биде во наредните неколку дена, бидејќи обвинителот Љубомир Јовески ги задолжил да ги чуваат предметите кои ги застапуваа пред суд.

Републичкиот јавен обвинител Јовески набрзо ќе треба да одлучи за секој предмет поединечно, односно кое обвинителство е надлежно и кои обвинители ќе продолжат да ги застапуваат предметите пред суд.

Во игра е опцијата, обвинителот Јовески да ги делегира досегашните обвинители, односно да им ги остави предметите да ги довршат, но се разгледува и варијантата да се формира одделение во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за што не се потребни законски измени. Тогаш би се разпишал конкурсн, на кој пак би можеле да конкурираат обвинителите од СЈО и да станат дел од тимот на Вилма Русковска.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет