БРАВО, ЈА ПРЕГАЗИВМЕ СЛОВЕНИЈА КОИ СЕ ДОМАЌИНИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ОДБОЈКА!

Објавено на 17.09.2019 во 20:25:58 часот | Македонија

Македонската одбојкарска репрезентација постигна втора победа на Евроспкото првенство против Словенија која ја совлада со 3:1.

Одбојкарите одиграа одлично и и водеа со 0:2 во сетови. Првиот сет го добивме со 24:26, а вториот беше за аналите констатно имавме меч топка и конечно ја искористивме за 28:30!

Победата на овој осминафинален натпревар од Европското првенство (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) над Словенија се случи сред Љубљана, во последното коло од групата Ц.

Нашите одбојкари направија вистинско чудо, нешто што никој не очекуваше, ја замолкнаа полната „Стожице“ и се радуваа на нова историја!

Вчерашната победа над Белорусија го врати оптимизмот кај нашите одбојкари и ги поттикна денеска да одиграат на врвно ниво и да го победиме домаќинот. Словенија на Европското првенство влезе како кандидат за медал, но падна на колена пред нашата репрезентација.

Честито победа Македонијо!

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет