АДРИЈАН ГАЏА ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО СКОПЈЕ: Во присуство на голем број на гости во преубав амбиент со добра забава, викендов беше отворен ресторанот “ЧА-ЧА“ во Point Retail Park во Скопје

Објавено на 17.09.2019 во 20:03:30 часот | Македонија

Во присуство на голем број на гости во преубав амбиент со добра забава, викендов беше отворен ресторанот “ЧА-ЧА“ во Point Retail Park во Скопје.

Ресторанот е уникатен во својот коцепт и стил, уреден во комбинација на повеќе стилови каде играњето со ретро и модерен стил е направено до совршенство.

На повеќе од 300 м2 со кујна од отворен тип, тераса и разни удобни катчња за седење, ресторанот Ча-Ча ќе пружи услуга со високи
стандарди.

На менито во ресторанот Ча-Ча ќе можете да најдете врвни специјалитети на јадења од пици, тестенини, бургери, салати и десерти а вистинско изненадување ќе бидат специјалитетите на куќата.

За добрата забава по повод отварањето на Ча-Ча се погрижи приштинската група Стринг-Стринг, која направи одлична забава на која беа присутни најблиските соработници и пријатели на сосптвеникот Адријан Гаџа.

Ресторан Ча-Ча е сместен во Point Retail Park кој се наоѓа во населба Бутел.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет