Ама оти бе сеа му прајте вакви дубари на првото куртонско перо Златев Љупче?

Објавено на 17.09.2019 во 19:03:52 часот | Македонија

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги овласти довчерашните обвинители во СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и натаму да го застапуваат предметот „Монструм“, потврдија за МИА извори во ЈОРСМ.

Судењето за „Монструм“, односно петкратното убиство кај Смилсковско Езеро, треба да продолжи утре во Кривичниот суд.

Советот на јавни обвинители вчера го констатира престанокот на мандатот на обвинителите во СЈО и ги распредели во матичните обвинителства.

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се вратија во ОЈО Скопје и сега оттаму ќе го застапуваат „Монструм“.

Јовески по преземањето на предметите од СЈО најави дека приоритет во распределбата ќе имаат случаите за кои веќе се води судска постапка. Според неговите наслежности, тој може предметите од СЈО да им ги распределува на обвинителите кои и досега ги водеа.

Од предметите за кои СЈО поведе над 20 обвиненија, само три се целосно затворени, неколку се вратени на повторно судење или се чека изјаснување на Апелациониот суд.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет