ПРОФЕСОРКАТА ПО КРИВИЧНО ПРАВО, БЕСА АРИФИ РАСПАЛИ ЖЕСТОКО: Аман бе луѓе, ми се гади од адвокати на мафијата, сакаме ли ние да ги затвориме криминалците или не сакаме, законски можности има колку сакаш, но прашање е на чија страна сме на правдата или на мафијата?!?!

Објавено на 17.09.2019 во 09:57:38 часот | Македонија

Како правник и професор по кривично право кој ги следел овие проблеми од самиот почеток, можам да ве уверам дека не постои законски проблем да се реши начинот на кој тие предмети ќе бидат гонети. Сите наши закони и вакви какви што се сега, даваат целосна можност криминалот ефективно да биде гонет. Не постојат правни пречки кои би го направиле обвинителот да не може да ги гони тие предмети. Ако постојат пречки за специјалното обвинителство, такви пречки не постојат за редовните обвинителства каде ќе бидат пренесени тие предмети. Во суштината на казнено-правните закони на една земја е создавањето на услови криминалот да се гони. Законите не се пишуваат со цел криминалците да ја избегнат правдата туку напротив, тие да можат да носат кривична одговорност за стореното.

Од сите небулози кои разни луѓе ги шират во однос на надлежноста да се гонат делата поврзани со нелегалните прислушувања, најинтересна ми е таа дека „бомбите“ можеле да бидат употребени како докази само во Специјалното јавно обвинителство. Неверојатно е со која леснотија се шират толку големи дезинформации. Ајде да видиме како стојат работите.

Нелегално создадени докази се употребувале во нашите судови уште пред формирањето на СЈО. Такви се на пример случаите „Шпион“ и случајот во кој една дадилка беше снимена од родителите на детето кои со право се сомневале дека таа го малтретирала нивното дете. И во двата случаи и Основниот и Апелациониот суд потврдиле дека такви докази, иако нелегално создадени, можат да се употребат во кривичната постапка, со образложение дека членот 12 на Законот за кривична постапка забранува употреба на нелегално прибавени докази, а не на нелегално создадени докази. Ваква разлика направи Апелациониот суд кога решаваше во случајот „Шпион“, наведувајќи дека нелегално создадените докази биле легално прибавени во полициска постапка при запленување на компјутерот заедно со нелегално создадените снимки.

Кај случајот на дадилката, како и кај сите случаи со „бомбите“, нелегалните снимки биле доброволно предадени во обвинителство, за што постојат и записници. Што е уште поважно, Апелациониот суд, при одобрување на употребата на „бомбите“ како доказ, се повика и на јавниот интерес при употребата на тие докази а не само на легалниот начин на прибавување на тие докази. Што е најважно, праксата на ЕСЧП наведува дека нелегално прибавени докази може да се користат во кривичните постапки, балансирајќи ги притоа начелата на заштита на приватноста и на јавниот интерес, при што судска пресуда не може да биде заснована едниствено во нелегално прибавен доказ. Епа, ниту една пресуда донесена за предмет покренат од СЈО не се основа единсвено на „бомба“ како доказ.

Е сега, не знам со кој памет може да се тврди дека „бомбите“ би биле доказ само во предмети водени од СЈО, а не и во предмети водени од други обвинителства, каде што тие би можеле да бидат префрлени. СЈО не беше формирано за да може да ги користи „бомбите“ како доказ, бидејќи такви докази користеле, користат и ќе користат сите обвинителства и судови, во и надвор од земјата. СЈО беше формирано, бидејќи тогашното ЈО на Марко Зврлевски одбиваше да ги процесуира предметите за кои имаше целосна надлежност да постапи. Тоа беше проблемот, а не „бомбите“.

Инаку, ако еден доказ со судска одлука е прифатен како доказ, важи за доказ во било кое обвинителство. Не може еден доказ да важи во едно, а да не важи во друго обвинителство, тоа е ненормално глупава ситуација, која нема никаков правен основ во било кој од законите во државава. Според таа логика, и нелегално создадените видео-снимки во случајот „Рекет“ не би можеле да бидат користени во постапка пред редовното Јавно обвинителство за организиран криминал, бидејќи, нели, и тие се нелегално создадени, некои ќе кажат спротивно на членот 12 на ЗКП. Ама ете, никој не ја спори употребата на тие снимки како доказ во редовните јави обвинителства, проблем било „бомбите“ да се употребат како доказ. На што личи тоа? Една бомба е поважна од другите, а некои пак се неважечки? Или пак „Тази доказ не е доказ“?

Една работа треба да расчистиме во државава: сакаме или не сакаме да гониме криминал? Ако сакаме да гониме, начини има, и тоа многу. И начини и закони и постапки. А ако не сакаме, тоа е веќе друга работа. Ако тоа е случајот, сите тие кои се длабоко заинтересирани случаите на СЈО да пропаднат еднаш за секогаш, треба јасно да го кажат тоа, а не да се потрудат тоа да го постигнат преку некакво правно аргументирање, бидејќи такво нема. Во суштината на правото е за криминалот да се одговара, а не таа одговорност да се избегнува.

Целата колумна на следниот линк.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет