Премиере Заев, вице премиере Анѓушев, мислам дека Трајко Славевски е во право, бидете внимателни, ако ја кревате минималната плата превисоко ќе направите штета на многу сектори и на многу луѓе

Објавено на 14.09.2019 во 10:35:18 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Значи приказната со минималната плата не е толку едноставна. Не се работи САМО за алчноста на газдите да ги искористат работинците по најниска можна цена, иако и тоа е дел од приказната, да не се лажеме.

Но има и други фактори кои ако не се земат во предвид може да се нанесе голема штета во економијата и на многу поединци, на кои всушност се сака да им се помогне со овие дебати.

Имено, да се разбереме, сите сакаме работниците да земаат повисоки плати,  но како до тоа? Најдобро е да се подобрат условите во земјава и фирмите да имаат високи профити, да имаат можност за раст па да им требаат нови работници за нови проекти па за да ги привлечат да инвестираат во работниците со повисоки плати.

Што е минимална плата всушност? Тоа е стартна плата на која работниците почнуваат и се очекува во животот потоа да се качуваат на скалата, да напредуваат во фирмата и да добиваат покачување како тече времето.

Ако ја покачите минималната плата, вие ГО ОТЕЖНУВАТЕ примањето на нови работници, затоа што тој процес ќе стане ПОСКАП за работодавците, а не се сите БОГАТИ БАНКИ кои пливаат во милионски профити, често тоа се бизниси со многу ниски проценти на профит, претежно ТРУДО ИНТЕНЗИВНИ дејности каде тешко се опстанува, па ако ја качите минималната плата вие ќе ОБЕСХРАБРИТЕ нови вработувања и ќе им отежните на младите да си најдат работа за да потоа во тек на време од 3, 6, 10 години да добиваат покачувања како стекнуваат работно искуство и знаења.

Минималната плата зависи од понудата и побарувачката на работна сила, па во таа насока, бугарскиот пасош многу помогна овој баланс да се сврти во корист на побарувачката затоа што над 100 000 работници си заминаа во ЕУ за плати од 1000е па нагоре, па така нашите работодавачи веќе се под притисок да најдат добри работници и со покачувањето на минималната плата уште повеќе се поскапува работењето на домашните фирми.

Приказната е многу сложена, ги разбирам Заев и Анѓушев кои се нестрпливи да ги видат економските резултати од своите храбри политички чекори и реформи, но во брзањето може да се направи многу штета на економијата и на државата. Многу млади наместо да почнат со работа на 20 ќе мора да чекаат уште 3-5 години и да вложуваат свои пари во себе за да станат вредни на пазарот за фирмите да можат да ги вработат под новите покачени минимални плати, и тие 3-5 години во кои тие нема да работат скапо ќе ја чини државата во неплатени давачки за фонд за пензиско и фонд за здравствено и плус што овие деца наместо да земаат плати и трошат ќе седат дома и ќе трошат од заштедата на нивните родители.

Значи треба да се пази со ова, се плашам дека професорот Трајко Славевски е во право, сепак да не претеруваме со сатанизациите и брзите заклучоци, сите сакаме повисоки плати во земјава, прашањето е како да стигнеме до нив на најбезболен начин. Левичарскиот начин со ставање пиштол на главата на газдите сепак ми се чини малце изнасилен, иако се согласувам дека нашите газди во главно се алчни копилиња, тоа да бидеме реални. Но не се сите такви, некои се старт апи кои се обидуваат да се вивнат во облаците и токму ваквите мерки може да им ги скратат криљата, поскапувањето на работењето со раст на даноците и раст на минималната плата може да биде погубно за многу мали фирми кои сеуште немаат запливано во таква продуктивност и профитабилност што ќе може да си дозволат такви растови на трошоците.

Значи овие мерки може да убијат илјадници мали фирми кои пак и големи а кои работат на граница на ликвидност. Владата да размисли дека е подобро десетици илјади работници да работат за 200е отколку истите тие да седат дома кога работниците ќе немаат пари да им платат 300е минимална плата. Мислам дека тоа е логично и може да се согласиме дека е многу подобро 10 000 работници кои носат дома 200е отколку 10 000 невработени кои тропаат на вратата кај Мила Царовска и бараат социјална помош.

За хуманиот аспект, па видете, ако некој зема 200е месечно тоа значи или дека е на старт на кариера и тоа е само отскочна даска или пак дека човекот е брутално неписмен или без никаква стручна спрема и тоа е некогаш и индивидуална вина не е тоа секогаш вина на општеството, знам дека за левичарите тоа е нешто незамисливо. Но кога ние сме ја тупеле главата и со години сме учеле за петки и сме полагале испити а некој пиел локал и акал дење ноќе по кафичи и потоа едните ќе земаат плата од 700е а другиот ќе рмба за 200е тоа не секогаш е вина на општеството туку некогаш е и индивидуална вина.

Некогаш се работи и за чиста мрза, не може сите луѓе да ги мериме исто, на некој му се работи и тој што му се работи може со тешки професии и без грам школо да стаса со 500е плата во земјава, но ако некој е ем неписмен ем мрза тогаш 200е му се пишани и нема што тука сега ние да ги бесиме газдите?!?!

п.с Растот на минималната плата е голема неправда и за поинаквите од нас, инвалидите и лицата со попреченост. Тие се пресречни ако можат да однесат дома 100-200е радосни се дека искочиле од дома и малце придонеле за општеството а вие сега со оваа мерка им ја треската вратата во фабриките и им велите седете дома нема за вас работа. Свесни сте и за ова нели?

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија