ЌЕ СЕ ФОРМИРААТ АЛБАНСКИ ПАРАЛЕЛКИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ГАЗИ БАБА

Објавено на 12.09.2019 во 23:29:28 часот | Македонија

Откако преку медиумите слушнав за барањето на дел од родителите чии ученици учат во ООУ „Његош“ за основање на нови паралелки за учениците од албанска националност, заедно со претставници на родителите и министерот за образование и наука Адеми разговаравме за изнаоѓање на решение за овој проблем.

Како општина никогаш не сме имале ништо против учениците да ја изучуваат наставата на својот мајчин јазик, затоа што тоа е законско право кое го имаат. Од друга страна како општина мораме да ги запазиме сите законски прописи и за обезбедување на дополнителна настава, а воедно треба во предвид да се земе и просторниот капацитет, наставниот кадар и неговото финансирање.

Во наредниот период заедно со министерството ќе ги разгледаме сите можности со цел да најдеме заеднички прифатливо решение.

Општина Гази Баба отсекогаш била мултиетничка средина и одлично функционира со сите етникуми во неа и е пример за соживот и така ќе биде и во иднина. Нема да дозволам проблемите на граѓаните без разлика на националност и вера, да бидат кочница во нашето секојдневно функционирање.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет