ЈАВНОСТА ТРЕБА ДА ЗНАЕ ЕДНА ТАЈНА: КИРАЦОВСКИ Е ЖРТВА, КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА НА ГЕРОВАТА БОЛНА ОМРАЗА КОН МЕНЕ!

Објавено на 05.09.2019 во 18:40:28 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Кирацовски го доби најжестокиот напад од Геровски, за потоа да добие признание дека неговата харанга била еден голем фаул, тој најверојатно немал ништо спорно во аферата Рекет.

Епа зошто тогаш со толкава брутална сила се масакрираше овој човек, Кики па Кики, читавме и слушавме со месеци?

Вистината е навистина прозаична, што би рекол Жоро од Фокус.

Приказната почнува лани кога јас направив една грешка во Охрид и останав без возило и немав како да се вратам во Скопје. Бев со цела фамилија и немав каде да преспијам па му се јавив на Кирацовски ако може да ми помогне да ми најде хотел да преспијам со фамилијата а да платам на фактура на мојата фирма која го издава порталот Мактел.

Кирацовски се потруди и најде блиски луѓе на СДСМ хотелиери кои се понудија да ме частат едно ноќевање во Охрид. За тоа беше дознал Сашо Денесовски па го прашал Кирацовски дали е точно дека му помагал на Саше Политико, на што овој храбар како што го дал господ, му рекол дека за Саше ако треба ќе даде бубрег затоа што Саше Политико многу му помогнал на СДСМ и на земјата.

Оваа реченица ќе се покаже како погубна за Кирацовски, Сашо Денесовски потоа ќе му ја пренесе таа порака на Геровски и во тој момент Кирацовски без да знае ќе се најде на прво место во црниот тефтер на Геро за отстрел. По неколку месеци, кога ќе дознае за Боки и Камчев и Катица, Геро сето тоа ќе го спакува во приказна за да ги убие политички Кирацовски и Ременски, иако знаел дека се невини и чисти како солза.

Не знам зошто е Ременски втора мета на оваа харанга, веројатно затоа што беше почесен потпретседател на Меѓународен Сојуз и веројатно што нејзиниот сопруг,  Јовче Ременски им боде очи на ВМРО ДПМНЕ во МВР како окорели борец против криминалци, нешто како втора варијанта на Врушевски е Јовче, но знам дека Кирацовски настрада САМО И САМО ПОРАДИ МЕНЕ и за ништо друго!

Тоа јавноста треба да го знае. Опаеднатоста на Геро со мене е толку голема, што секој што се дрзнал да ми помогне мене за него е СМРТЕН НЕПРИЈАТЕЛ КОЈ МОРА ДА СЕ УНИШТИ!

Исклучок од ова правило се, бизнисмени кои имаат големи фирми, тогаш Геро нив им простува, затоа што не сака со нив да отвори војна, сепак он е луд, ама не е глуп, знае он дека сепак парите се најважни и на прво место, после е суетата и политичките и византиски игри и местенки!

Впрочем, и војната на Геро со Заев е поради мене, погледнете колку болно тој ги прима моите прашања до Заев, мене ме нарекува Зокиво капаче итн итн, опседнат е и болно љубоморен, мисли дека јас сум главен ПР советник во влада, дека мене некој ме слуша итн итн, што е тотална небулоза, јас сум само еден од 1000 блиски луѓе на Заев сите заедно вклопени во една кауза која се базира на идеологија принципи визија за една земја членка на НАТО и ЕУ, земја во која владее ред, мир, благосостојба...

Но дека Заев нешто особено мене ме слуша е небулоза и будалаштина, Заев си има свој тим од 10 луѓе во неговиот кабинет и во врвот на СДСМ, јас не сум еден од нив, но тоа суетната будала не може да го разбере веќе долго време.

Инаку масакрот над Кирацовски почна многу пред Кики и Фрики, прво со месеци му се измислуваа некакви швалерки фризерки, тие му ги накалеми Сашо Денесовски, потоа Геро го зададе финалниот удар со Кики и Фрики.

Но Кирацовски е голем борец, поштен фамилијарен човек, тој не заслужува вака да загине од стрели од зад грб, курвински испукани од маскирани гомнари чкопени кои се криеја зад прекари и клевети и измами, Кирацовски заслужува втора шанса во политиката затоа што е голем човек во душа и во срце.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија