Ви благодарам многу почитувани наставници и директори од ОУ Невена Георгиева Дуња во Кисела Вода за прекрасниот пречек на првачињата, ќе се борам да имате повисоки плати!

Објавено на 02.09.2019 во 13:10:29 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Прекрасен прием денеска на првачињата во основното училиште Невена Георгиева Дуња во Кисела Вода. Со рецитали со уметнички изведби на постари ученици, со музика, украси балони...

Првачињата добија подароци, сокчиња, разни папки... Училиштето прекрасно, ново, со клима уреди...

За малце ќе се расплакав од радост... Дојде време мое дете да оди во школо, какво неописиво чувство...

Се враќаш ти низ емоциите кога си бил ученик, па се радуваш што твое дете ќе помине низ тој пат на спомени, први симпатии, први разочарувања, бескрајни нови спознанија, знаења, вештини...

Тука во тоа школо ќе ги има првите раскази, првите практично колумни за тоа како тој клинец гледа на светот...

Голема трагедија ќе беше ако овој ден некој од наставниците ни го ускратеше нас родителите и на нашите деца.

Многу ви благодарам сите вас наставници директори и кадар во Дуња, ќе се борам за повисоки плати да имате, навистина ги заслужувате!

ГОЛЕМА ПР КАТАСТРОФА Е ОДЛУКАТА НА СОНК ДА СЕ СУДРИ ВАКА СО РОДИТЕЛИТЕ И СО ЈАВНОСТА! СОНК ТРЕБА ДА ГИ БАРА СИМПАТИИТЕ НА ЈАВНОСТА НЕ ДА ГО БРКА ГНЕВОТ НА НАРОДОТ!!!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија