МИЦКОВСКИ И ГЕРО ГО ПОТЦЕНУВААТ ЗАЕВ И НЕГОВИОТ ПОЛИТИЧКИ ГАБАРИТ И КАПИТАЛ КОЈ СЕ ГРАДЕШЕ ОВИЕ 4-5 ГОДИНИ!

Објавено на 01.09.2019 во 01:33:30 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мислам дека лидерот на опозицијата и неговиот ПР совѕетник, суетниот Геро многу го потценуваат Заев и што тој значи за овој народ.

Тие некако како да ги преспале изминатит 5-6 години и кога ќе се рече Зоран Заев мислат на оној несмасен градоначалник од Струмица кој а зине, одма кине некој гаф...

Они како да имаат АМНЕЗИЈА и не разбираат дека овој Заев денеска во 2019-та е драстично различен од тој нивни Заев од 2014-та година во оние цветни дезени кошули како ја пречекува Северина на Струмица опен фест...

Овој Заев денеска е ПОЛИТИЧКИ ГИГАНТ споредено со тој Заев, овој Заев пред народот и пред светот е новиот Зоран Џинџич, новиот херој на нацијата, новиот татко на нацијата, новиот Киро Глигоров!

Заев на народот му дава мир и спокојство со својот настап, народот верува во овој Заев, Заев е надеж и мир и спокојство и ѕвезда за овој народ!

Митот на лидерот и државникот е створен, и тој не се базира на лажни местенки спинови и манипулации.

Лидер можеш да направиш вештачки со ПР и пропаганда но и самиот да се створи низ жижата на настаните и проблемите низ кои ќе се протне и низ битките кои ќе ги бие и добие!

Велат дека во животот тоа што нема да те убие ќе те направи посилен. ВО ПОЛИТИКАТА ТОА Е ПУТА 100 ПОМНОЖЕНО! СЕКОЈА ДОБИЕНА БИТКА ТЕ ПРАВИ ЕМ ПОСИЛЕН ЕМ ПОИСКУСЕН НО И ПОГОЛЕМ ЛИДЕР ВО ОЧИТЕ НА НАРОДОТ!

Заев победи во многу брутални битки! Помина низ се! Беше апсен, беше тепан, беше пак обвинет и му се смееше казна од 10 години робија, сето тоа го издржа и на крај победи. Грујо ја свитка опашката и збриша за Унгарија во гепек од пасат. Заев сега се вози во службените мерцедеси и авиони. Заев го доби епскиот дуел и тоа го направи пред народот голем политичар од историски димензии.

Заев денеска во 2019-та е голем лидер и државник и тоа е реалноста со која Мицковски и Геро и Милчин и останатите ПАЛАМУДАРИ И МРЧАТОРИ ќе мора да се помират.

Народот практично се заљуби во лидерот, и тоа се случува многу често секаде во светот, денеска тоа е со Трамп, пред тоа беше Обама, пред тоа беше Буш, тоа беше и со Меркел, Макрон, Блер, Џонсон...

Народот во Заев гледа свој чувар и спасител и водач и ќе треба многу повеќе од фотка со Боки 13-ка за да ја изгубат таа берба таа љубов кон својот херој кој ги спаси од диктатурата, ги реши проблемите со соседите, ја внесе земјата во НАТО за догледно време и во ЕУ и ја среди конечно земјава да биде тоа што сонуваат 100 години генерации пред нас.

Ми се чини дека се повеќе тоа му е јасно и на самиот Заев, судејќи по неговите последни настапи, колку само е самоуверен дури на граница на една корисна ароганција.

ЗАЕВ Е НОВИОТ КИРО ГЛИГОРОВ, МИТОТ ЗА ДРЖАВНИКОТ СЕ РОДИ НИЗ БИТКИТЕ И ТОА ЌЕ ТРАЕ НАЈМАЛКУ 10 ГОДИНИ!!!

И тоа е реалноста и тоа го велат и анкетите и тоа е тоа! И ОД ТОА НЕМА БЕГАЊЕ!

НИКАКВИ ЛАЖНИ ВЕСТИ И ЛАЖНИ ХОСТЕРИИ НЕМА ДА ЈА СРУШАТ ТАА РЕАЛНОСТ!

И за тоа криви се токму во ВМРО ДПМНЕ; требаше на време да мислат дека кога тргаат толку брутално кон еден опозициски лидер, требаше да си го постават прашањето, а што ако ги преживее сите напади и сопки и местенки, што потоа?!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија