ПРЕМИЕРЕ, ВЛАДАТА ДА РАЗМИСЛИ ЗА МОЖНОСТА ДА СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ ВО ЈАВЕН СЕКТОР ЛИНЕАРНО ЗА 100 ЕВРА!

Објавено на 29.08.2019 во 19:48:13 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Колку има вработено во администрација, околу 150 000 народ, сите да добијат покачување од 100е месечно, тоа се 1200е годишно плус раст на придонеси, значи околу 1500е годишно.

Тоа ново оптеретување на буџетот би чинело околу 300 милиони евра годишно. Токму ова влада на Заев ТРЕБА ОВА ДА ГО НАПРАВИ!!! ЗА ДА ЈА ПАМТИ НАРОД ДОЛГО ВРЕМЕ ПО ДОБРО!

Мислам дека со растот на полнењето на буџетот со Мој Данок од околу 100 милиона евра годишно, што се пофали премиерот пред некој ден, и со растот на странските и домашните инвестиции што ќе влијае позитивно на растот на буџетот, исто така заштедите од околу 100 милиона евра годишно поради борбата против криминал и корупција со што се пофали владата, значи има простор за вакво зголемување.

Ако треба владата и нека се позајми со некаква позајмица со ниска камата на долг рок со цел да го задржиме народот тука па кредитот ќе го враќаме во подобри времиња, а во меѓувреме да работиме сите ТИЕ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА ДА ДОЈДАТ!

Значи конечно да влеземе во НАТО но и во ЕУ и тој процес да го финишираме за околу 5-10 години а во меѓувреме да се трудиме земјава да биде економски тигар на балканот!

Притоа парите да ги штедиме паметно да ги вложуваме, да бидеме домаќини и паметни инвеститори како држава.

Мислам дека оваа влада предводена од Заев ги има најголемите шанси досега за реализација на овие стратешки цели за кои сонува овој народ еден век!!!

На крај, народот треба да ја добие пораката - СИТЕ РЕФОРМИ, СИТЕ ДОГОВОРИ СО СОСЕДИТЕ, СИТЕ ИНТЕГРАЦИИ, СИТЕ РЕФОРМИ, СИТЕ ФИНИШИРАЊА НА РАМКОВЕН ДОГОВОР, СЕТО ТОА Е ЗА ДА ПОРАСНЕ ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД И ДА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ВО ЏЕБОТ!!!

А 100е месечно повеќе во џебот е баш добар начин тоа да се покаже на дело!

АЈДЕ ЗОКИ, ТИ СИ НА ПОТЕГ!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија