ЗНАЕТЕ ЛИ ЗОШТО СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ИСКАЗОТ НА КАМЧЕВ ВО ОЈО?! НЕ Е ТОА ШТО МИСЛИТЕ!

Објавено на 26.08.2019 во 19:49:31 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Појавувањето на исказот на Камчев и тоа само првата страна има за цел аферата да не СПЛАСНЕ, ДА НЕ ИЗДИШЕ КАКО ИЗДИШАН БАЛОН!!!

Оваа афера мора да се стави на ИНФУЗИЈА за да се клати како франкештајн со недели и месеци за народот да заборави на гасоводите, на автопатите, на растот на платите, на растот на социјалната помош, на влезот во НАТО, на новите булевари во Скопје, на новите градинки, школи, водоводи, колектори...

Немој да мислите дека причината е што Инфомакс се обиде смешно и комично да го инволвира СДСМ и пола влада во аферата, тоа е дури штетно за каузата МАФИЈАШКА И ВМРОВСКА затоа што обидот беше комичен и беден па со тоа и Инфомакс и опозицијата беа избрукани и изгубија на кредибилитет, токму затоа и му се падна на гревот од Инфомакс да ја заврши таа работа, не сакале тоа да го прават ниту Геро нити Момировски...

На ВМРО ДПМНЕ ОЧАЈНО ОЧАЈНО им треба афера и скандал па макар биле и лажни и потоа потребно им е тој скандал да се држи ЖИВ по секоја цена макар на секои 3 дена пуштале по некое документче, по некое аудио или видео за што и да било поврзано со аферата, затоа што во ПР-от има едно правило, ефектот од аферите и скандалите или пак од ПР митинзите и настаните е резултат кој произлегува од МАГНИТУДАТА на настанот или скандалот помножен со ВРЕМЕТО за кога е во центарот на внимание на јавноста.

Затоа носечките КУРТОНИ се расфрлаат со зборови од типот НАЈГОЛЕМА АФЕРА ОД ВРЕМЕТО НА ТАТ, за да вештачки ја зголемат МАГНИТУДАТА НА АФЕРАТА иако се работи како што кажа премиерот, за неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер и ја би додал една смотана обвинителка.

Исто така се зголемува вештачки и ВРЕМЕ ТРАЕЊЕТО за кое се збори за аферата за да му се помогне на ВМРО ДМНЕ на следните избори.

Но нити аферата е толку голема, нити ефектот е толку долг, затоа што аферата иако е Боки 13-ка во прашање и со тоа доби на голем булцититет сепак нема суштина, сепак се работи за афера во 2019-та, цели 12 години после режимот на Груевски каде видовме такви работи со кои оваа афера споредена личи на П***Н ДИМ!

Сме виделе ние и кревање на објекти во воздух со динамит, претепан лидер облиен со крв во собрание, сме виделе прецедник кој со еден прес амнестира 100 криминалци и мафијаши, сме го виделе премиерот како не убедува дека жути комбиња ја прислушкувале нацијата, сме виделе исфрлени пратеници од собрание, сме виделе обид да се скрие убиство на митинг на ВМРО ДПМНЕ во центарот на главниот град, сме виделе затворање телевизија и весници со масовно апсење на сопствениците, сме виделе апсење на еден лидер на опозицијата со полициска местенка, сме виделе пијан министер со швалерка како бега со џип на алфите во Скопје, све сме виделе и толку сме отрпнати што е потребно многу повеќе од П***НИ ДИМОВИ за да не возбуди и натера да се кренеме на нова Шарена Револуција!!!

И тоа е голем проблем на ВМРО ДПМНЕ. Иронично, тоа што толку лошо владееја ВМРОВЦИТЕ и толку долго тоа траеше и толку беше траорно што им прави проблем па сега треба да дојде влада буквално излезена од филмовите LORD OF THE RINGS, значи оној злобниот аждер со брадата да дојде со едно 1000 гремлини кои ќе јадат луѓе на улица за да се кренеме на нова револуција.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија