(ВИДЕО) НЕМА ЦРВЕНА ЛИНИЈА ЗА ОПОЗИЦИСКИТЕ КУРТОНИ: Ацо Мечка од Инфомакс злоупотребува шега на премиерот Зоран Заев искажана после владин прес на што бев личен сведок за да го обвини премиерот дека врши нелегално прислушкување?!?!

Објавено на 25.08.2019 во 13:11:18 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Лично бев сведок на оваа случка. За што се работи? Премиерот после прес конференција се пошегува со урединкот на Инфомакс, Александар Митовски дека му пренеле дека од ВМРО ДПМНЕ многу го карале по телефон дека лошо ги поставува нарачаните прашања и дека не треба да се секира, одлично ги поставува прашањата, на што Ацо се изнасмеа и му објасни на премиерот дека за друго правеле муабет со врвот на ВМРО ДПМНЕ, не за тоа како поставува прашања на пресови, сето тоа беше во една пријателска шегобијна атмосфера иако Ацо го масакрира премирот на сите пресови.

Во тие моменти, Ацо му кажа на премиерот дека имал намера да го праша колку пати го користи полицискиот хеликоптер на што премиерот му призна дека го користел неколку пати за да стаса побрзо на настани кои биле неодложни но официјални, не за приватни цели. Заев често така комуницира со сите новинари било да се критички или провладини, тоа е дел од неговиот карактер и човечки шарм.

Сега по еден месец од настанот, Ацо Мечка го вади муабетот и го обвинува премиерот дека ја прислушкувал опозицијата??!?! Очигледно дека некој ја злоупотребува добрината и отвореноста и комуникативноста на премиерот. Тоа што на премиерот некој му пренел случка во седиштето на ВМРО ДПМНЕ не мора да значи дека владата прислушкува туку дека некој случајно го доловил тој момент, можно е да било пред или после прес на Мицковски каде некој новинар тоа го наслушнал или па некој од ВМРО ДПМНЕ може го оговара лидерот на опозицијата итн итн, безброј се начините како Заев можел да добие таква половично точна информација.

 

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија