АФЕРАТА РЕКЕТ НАМЕСТО ЈАМКА ОКОЛУ ВРАТОТ, ВСУШНОСТ Е ГОЛЕМ КОМПЛИМЕНТ ЗА ЗАЕВ И НЕГОВАТА ВЛАДА!

Објавено на 23.08.2019 во 13:06:04 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Во старите каубојски филмови со кои растеше мојата генерација, една работа беше јасна, ако сакаш некого да предизвикаш на дуел, подобро биди сигурен дека брзо пукаш и имаш прецизно око и добар пиштол. Ако не ќе те отепаат како куче, подобро седи си мирен и не се закачај со никого, така шансите да доживееш длабока старост се поголеми.

Така е и во политиката, или тргаш кон власта брутално со нешто навистина убиствено или ризикуваш да ја наградиш со комплименти дека се што си успеел да најдеш за неа е нешто банално и ситно, што значи власта всушност добро работи и се воздржала од мега афери и скандали.

Кои се ѓурутлтиите што може една власт да ги прави? Листата е голема, еве неколку:

- Може да ја злоупотреби ДБК и да прислушкува незаконски илјадници луѓе, со што ќе ја наруши нивната приватност и ќе се стекне со огромна предност пред опозицијата, ќе ги знае тајните на бизнис заедницата, ќе знае што планираат судиите и обвинителите, кои коалициски партнери се верни а кои не се ведни на лидерот итн итн...

- Може да договара тендери во РЕК Битола, кои се мегаломански, сите се над 50 па и до 100 милиона евра, едно такво тендерче и бог да те види и тебе и твоите до седмо колено...

- Може да мести тендери за автопати, овие се исто многу мрсни, сите се над 100 милиона евра! Исто и овде едно тендерче и решен си и ти и твоите до седмо колено, сите ќе се бањаат у Монако прв ред одма до плажа док се живи...

- Може да презема големи компании како на пример ланци на маркети, ланци на бензиски пумпи, големи банки, големи монополи како парно на главен град итн, значи збориме за бизниси кои годишно вртат по 100 милиона евра а профитот им е годишно околу 10 милиона евра...

- Може да презема политички партии а лидерите да ги затвора со судски местенки!

- Може да затвора критички медиуми а менаџментот цел со се жени и деца да ги пика во зандана со казни од 10 години и нагоре...

- Може да крева со динамит објекти на политички противници...

- Може да мести тендери во здравство, тамо цифрите се исто луди, слушавме за една мерчка Милионерка како се крие у пештера со милион евра од таков тендер?!?!

- Итн итн итн итн....

Што го обвинува ВМРО ДПМНЕ Заев дека направил Заев за овие 2 години? Се сликал со еден педер кој успеал да убеди една проста обвинителка за еден сет мебел од 5000 евра да ослободат еден олигарх?!?! Без Заев за тоа да знае?!?!

Они иако тврдат и обвинуваат, засега немаат докази дека Заев знаел, нема нити снимки нити документи дека знаел, има само обид на педерот да го убеди олигархот дека има силен дил, за олигархот да плати, што сепак не се остварило, токму Заев ја пријавил аферата во ОЈО, се сеќавате ли?!

И тоа е се што има ВМРО ДПМНЕ за Заев и сакаат со ова да го срушат од власт?!?!

Нема местени тендери за автопати?!

Нема објекти кренати со динамит?!

Нема затворени медиуми и цел менаџмент во апсаана?!

Нема масовно или какво и да било прислушкување?!?!

Нема местени тендери во РЕК?!?!

Нема преземање на големи компании со притисок на ДБК и сваровски судии?!?!

Па значи овој Заев многу добро владее, токму како што вети, зарем не?!?!

Се што треба во иднина да поправи Заев е да внимава со кого се слика?!?! Мислам дека тоа не е голем проблем да се реши.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија