За жал мислам дека премиерот Заев греши, не се работи за неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер, се работи за нешто многу пострашно!

Објавено на 22.08.2019 во 16:41:23 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Значи ДБК под палката на Сашо Мијалков имаше неколку интересни финти и методи со кои му помагаше на ВМРО ДПМНЕ да се оддржи на власт.

Знаеме за прислушкувањето со кое ВМРО ДПМНЕ знаеше што прави опозицијата, што прават амбасадорите, што прават новинарите и медиските газди, што прави бизнис заедницаа, што прават судиите и обвинителите, што прават самите првенци на самото ВМРО ДПМНЕ, колку се верни на паторот и на шефот...

Знаеме за преземањето партии, преземањето фирми, политичко-судските местенки каде се полнеа затворите со помош на сваровски судиите...

Сето тоа беше повеќе од доволно ДА СЕ ОДДРЖИ НА ВЛАСТ РЕЖИМОТ ТОЛКУ ДОЛГО, ЦЕЛи 12 ГОДИНИ!!!

Она што не го знаеме е нешто што овие денови се полека ми се покажува во реалноста, се наѕираат контурите и ако човек фати малце да копа и да поврзе два со два, имено финтите, СЕМЕТО, кое ДБК го посеало за да ВМРО ДПМНЕ побрзо се врати на власт ако некогаш падне, или да се спаси од АПС ако падне од власт...

Значи се работело на долги патеки, се мислело далеку во иднината, не се работело само за денес и утре туку и за еден вид обезбедување на каква таква безбедна иднина и правење на истата помалку сурова и неизвесна...

За што станува збор?! Што ако ви кажам дека Бранко Геровски и никогаш не бил на наша страна, на страната на борците против режимот?!

Што ако ви кажам дека тој бил снесено кукавичко јајце снесено во нашиот опозициски фронт од страна на ДБК за да шпионира и што е поважно, да чека прилика да одработи за своите газди?!

Како инаку ќе ги објасните следните работи?

Доаѓа СДСМ на власт, после 12 години тешка битка, СДСМ решава да се зафати со најголемите проблеми, Грција и Бугарија и затворањето на рамковен договор и завршување на пресметката со мафијата, и Геро се што прави овие 2-3 години е жестока БОМБАРДИРОВКА кон владата со хистерија, лажни вести, тешки клевети?!?!?!

Зошто Геро не ја пофали владата која делува според ветенето, владее демократски, транспарентно, прозападно, непопулистички, на своја штета решава проблеми кои никој не ги решил 30 па и 100 години како што е проблемот со Бугарија?!

Како ќе објасните што Геро овие денови убедливо упорно бара СДСМ да политички ЗАГИНЕ за глупирањето на Катица и Боки, каква пободу врска има Бихачка со тоа?!! ПА ТОКМУ ВО ВРЕМЕ НА ОВАА ВЛАСТ ТАА АФЕРА СЕ РАСЧИСТУВА?!?!?!

Како ќе си го објасните поривот на Геро да не убедува сите дека Камчев е невин и дека ИМПЕРИЈА треба да се поништи како истрага и судски процес?!?!

Како ќе ја објасните жестината и омразата кон СЈО, безмалку како СЈО да е НАЦИ ПАРТИЈА или некаков педофилски ланец на католички свештеници?!?!

Како ќе објасните што Геро никогаш не ги прати своите новинари да трчаат по Груевци па дури жестоко ме нападна мене кога трчав по нив?!

Како ќе го објасните чудното пријателство со Пешевски и Ставревски во кулминацијата на диктатурата кога режимот газеше и јадеше живи луѓе, немаше милост за никого?!?!

Како ќе објасните зошто Геро пред изборите 2016-та ширеше јавно дефетизам дека ВМРО ДПМНЕ не може да се победи?!?!

Како ќе го објасните пријателството на Геро со Јанко Бурек, Трендо, Златев, Јоци па сега и со Ивона и Момировски, окорели душмани на СДСМ и на се што е критичар на режимот на ВМРО ДПМН!?!?!

Како ќе објасните што Геро со години води многу пожестока војна со мене и со луѓе како мене кои беа сериозна закана за ВМРО ДПМНЕ отколку со многу пострашни чудовишта и новинарски и политички?!?!

Како ќе објасните што Геро никогаш не го обвини Камчев за пропаста на МПМ, туку плукаше само по Ќерим?!?! Па кого он прави луд, зарем Ќерим бил помоќен од Камчев во тие валкани игри?!?!

Гледате ли како Снежана Лупевска сега делува како да е во тандем со Геровски, се сеќавате ли на нејзината улога при затворањето на А1?!

Се повеќе мислам дека ВМРО ДПМНЕ инсталирало свои луѓе во наши редови за да во одреден момент ги активира во своја корист.

Геро во моментов нанесува огромна штета што секој момент од аферата РЕКЕТ го поврзува со СДСМ, тука како да му помага и Канал 5, дали Стојменови решија да му помогнат на ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт откако видоа дека СДСМ нема намера да истура владини пари во медиумите?!

Значи премиерот Заев мислам дека греши, не се работи за неколку криминалци, суетен новинар и еден педер, се работи за организирана операција на снесени КУКАВИЧКИ ЈАЈЦА и во новинарската и во бизнис фелата.

Нема да ме зачуди ако се покаже дека и Орце Камчев се жртвувал себеси иако веќе бил договорен со Катица само за да му помогне на ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт за да може империјата на Камчев пак да се шири и во други бизниси, зошто не и во сектори кои досега долгото раче на Камчев не успеа да го дофати како рударство, енергетика, бизнис со деривати?!?!?!

Само тоа остана, се друго е речиси покриено, хотели, ресторани, болници, фарми, банки, градежништво, прехрамбена индустрија...

Значи мафијата со ВМРО ДПМНЕ со снесените кукавички шпиони е во организиран поход назад кон тронот наречен влада на СРМ!!!

ДАЛИ ЗАЕВ ИМА СИЛА ОВА ДА ГО ОДБИЕ И ДА ГО ПОРАЗИ?!?! ЈАС МИСЛАМ ДЕКА ИМА, САМО ТРЕБА СИТЕ ДА МУ ПОМОГНЕМЕ!!!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија