ФОТО: Шест пожарникари со две возила го изгаснаа запалениот двокатен автобус во Ѓорче

Објавено на 22.08.2019 во 12:16:45 часот | Македонија

Шест пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш пристигнаа кај запалениот автобус на ЈСП Скопје што сообраќал на линијата со број 5 на улицата Ѓорче Петров, во близина на општинската зграда, со две возила, а нивната брза интервенција овозможи огнот да биде изгаснат и да не се предизвикува дополнителна штета.

Според сведоштвото на возачот, еден од патниците што се возел на горниот кат, алармирал дека се појавил чад. Возачот веднаш го застанал автобусот, ги симнал патниците и се обидел сам да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, но не успеал, па ги повикал пожарникарите кои веднаш дошле на местото на настанот и проширениот пожар го ставиле под контрола и го изгаснале. Екипите на Министерството за внатрешни работи вршат увид на местото на настанот и ќе утврдуваат причините за пожарот“, соопштуваат од Град Скопје.

Видео од пожарот на следниот линк.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет