ИСТРАГАТА ЗА РЕКЕТ ЌЕ СЕ ШИРИ И НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ НА БОКИ 13, ЌЕ БИДАТ СОСЛУШАНИ КАКО СВЕДОЦИ И ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ

Објавено на 22.08.2019 во 11:06:12 часот | Македонија

ИСТРАГАТА ЗА РЕКЕТ ЌЕ СЕ ШИРИ И НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ НА БОКИ 13, ЌЕ БИДАТ СОСЛУШАНИ И ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ

Меѓународниот сојуз е формиран на 8 јули 2017, а на констиутивната седница присуствуваа и тогашната министерка за труд и социјална политика, а сега потпретседателка на Собранието Фросина Ременски, која беше и почесна претседателка на организацијата; - Ременски и Боки 13 на настан на Меѓународниот сојуз. (Фото: Фејсбук на Меѓународниот сојуз)

Истрагата за „Рекет“ има уште најмалку два дела, од кои едниот е за невладината организација Меѓународен сојуз на првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, за уцена и изнуда на бизнисмени, и за тој дел шефицата на Обвинителствто за организиран криминал која го води случајот Вилма Рускоска досега нема изнесено детали.

Неофицијално, се сослушуваат бизнисмени, досега има изјави од неколку оштетени од Боки 13 и неговиот Сојуз, меѓу кои е и Ардијан Амзоски, оштетен со уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски.

Овој дел нема врска со Специјалната обвинителка Катица Јанева, која како третоосомничена во „Рекет“ вчера доби 30 дена притвор, велат во Обвинителството. Планирано е неколку високи функционери од СДСМ да бидат повикани на сослушување со засега непознат статус. Сојузот на Боки 13 има потпишано меморандуми за соработка за обезбедување на плацови за изградба на старски домови со повеќе градоначалници од владејачката паартија, како и со Министерството за транспорт и врски.  Во преговорите со некои градоначалници помагале и високи партиски и државни функционери, но тоа, според извори од партијата не е криминал бидејќи ниту една обврска од меморандумите не била исполнета. Тие биле само помагачи да се оствари тоа што според програмата на Меѓународниот сојуз била хумана идеја, а градењето на старски домови и јавно приватното партнерство не е нешто што е спротивно на предизборната програма на СДСМ за локалните избори во 2017 година.

Управата за јавни приходи (УЈП) од петок ќе ги проверува фирмите поврзани со Боки 13 и неговата невладина организација Меѓународен сојуз. Директорката на УЈП Сања Лукаревска вчера кажа дека покрај за фирмата „БЈМ Медиа груп“, телевизијата „1ТВ“ и Меѓународниот сојуз, ќе издадат налог за проверка и на физичките лица кои примале пари од таму.

На 19 август, во обвинителството сведочеше Лилјана Тодоровска, членка на Меѓународниот сојуз, на чија сметка бизнисменот Силјан Мицевски на име на авторски хонорар уплати 720 илајди евра за наводен проект. Тодоровска пред десетина дена изјави дека парите ги подигнала во кеш и ги дала на друго лице од Сојузот, без да прецизира за кого точно станува збор.

Според извори во истрагата, во моментот кога 720.000 евра легнале на сметка на едно лице со назнака „авторски хонорар“, банката веднаш ја алармирала Управата за финансиско разузнавање, според вообичаените протоколи за спречување на перење на пари. Управата неколку дена ги замрзнала тие средства, но откако уплаќачот потврдил дека тие 720.000 евра се исплатени за авторски хонорар и за нив уредно бил платен персонален данок од 10 проценти, „авторката“ можела непречено да си ги подигне парите од својата траансакциска сметка. Обвинителството не открива дали е повикано на распит и лицето од Меѓународниот сојуз што ги зел парите од „авторката“ Тодоровска.

Меѓународниот сојуз е формиран на 8 јули 2017, а на констиутивната седница присуствуваа и тогашната министерка за труд и социјална политика, а сега потпретседателка на Собранието Фросина Ременски, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов, а дел од управниот одбор е и актуелниот заменик-градоначалник на град Скопје и познат бизнисмен Енвер Малиќи. Ременски беше почесна претседателка на Сојузот.

Градоначалникот Максим Димитриевски во име на Општина Куманово на 7 декември 2017 потпишал меморандум за соработка со Меѓународниот сојуз со важност од една година, а ист меморандум за соработка потпишал и Костадинов како градоначалник на Струмица.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет