Она што најмногу ме замисли од снимките на Боки и Камчев...

Објавено на 21.08.2019 во 23:00:07 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Она што најмногу ме чуди од снимките на Боки и Камчев е што Боки се чини е до детал навлезен во судските процеси за Империја а и другите кои ги води СЈО...

Се чини дека тој по цел ден дремел со Катица по кафиќи и фаќал белешки, безмалку како тој да е заменик шеф на СЈО, толку е длабоко до детал навлезен во судските процеси кои ги води СЈО...

Особено случајот Империја. Значи не само што го знае случајот, туку ја следи процедурата во судовите, кој каде каква одлука донел и ќе донел, што после следи, кривичен, апелација, врховен...

Она што е чудно во приказната е како наоѓал овојо човек време, па нели тој менаџира телевизија?!?!

Кој му ја водел телевизијата додека он дремел по кафиќи со Катица или одел по куќи да собира рекет од обвинети од СЈО?!

Дали можеби бизнис моделот на 1 ТВ бил токму тој, да се рекетира по бизнисмени и со тие пари после да се оди во шопинг по цела Европа и да се игра газда на медиум?!

Затоа што ако он реално менаџирал телевизија и сакал од 1 ТВ да направи сериозна телевизија, тоа бара време, енергија, нерви, живци, кој ќе има време да следи до кај е Империја, до кај е случајот Пошти, итн итн...

Па да се ака по куќи на бизнисмени па да преговара со нив со денови, значи Боки целиот свој живот изминатите 2-3 години го посветил на собирање рекет од обвинети од СЈО, тоа е она најстрашното во приказната.

Сето тоа го дознавме од бомбите кои ги објави Камчев во италијанските весници...

Баш штета, а баш мислев дека конечно Боки е на прав пат, дека конечно стана сериозен голем човек кој се бави со легитимен бизнис и навистина 1 ТВ изгледаше маестрално вака од надвор, но сето тоа изгледа било само една маска, една убава приказна.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија