Денеска е многу тажен ден, победи правдата но тежок пораз доживеа вербата во луѓето!

Објавено на 21.08.2019 во 15:16:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Каков траорен ден е оваа среда. Да, правдата, системот, државата победија и се на прав пат, но јавноста доживеа тежок удар во стомак.

Надежот, вервата во луѓето денеска беа поразени и згазени.

Да се бориш против една мафија и еден режим и после танталови маки да се роди една институција и да ја имаш таа чест да ја водиш таа инстотуција, да водиш едно обвинителство кое конечно ќе донесеше ред во земјава и ќе значеше коначен пораз на мафијата и на крај да се продадеш за еден ебан тросед, двосед и фотеља, па јебеш му матер значи...

Немам зборови колку сум шокиран денеска и колку се чувствувам поразен и изневерен.

Во исто време среќен сум и смирен што државата смогна сили ресурси механизми да се соочи со оваа афера и да ја расчисти, но чувството е многу горчливо.

Зарем нема луѓе на кои може да им веруваме по секоја цена до крај?!?!

Зарем секој човек е поткуплив?!

Зарем секој човек си има точка на томење?!

Одбивам да мислам така, одбивам да се согласам со тоа, не сакам да живеам во таков свет.

Ќе продолжам да акам како наивна будала и да делувам со идеи и верба која можеби е дури и утопија дека во светот има добри но и лоши дечки и дека јас секогаш ќе се борам на страната на добрите дечки.

Одбивам да верувам дека сите се исти и дека нема херои во приказната, тоа е ебено досадно и грозно сценарио, не сакам да живеам во таков живот.

Катрица за мене ќе биде само еден исклучок од правилото, исклучок кој е тука да не држи будни но не и да не разочара и фрли во депресија и меланхолија и апатија. 

НЕ, ТОА НИКАКО НЕ!!!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија