ЈАВНОСТА ВО ШОК: КАТИЦА СЕ ПРОДАЛА ЗА МОЧАНИ 5000 ЕВРА?!?!

Објавено на 21.08.2019 во 14:45:00 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


При плата од 3000е месечно, Катица Јанева прифатила да го ослободи Орце Камчев за да добие подарок мебел и слики вредни 300 000 денари или околу 5000е?!?!

Ова на прес го објави ОЈО, имале докази дека Боки 13-ка и купил мебел и други предмети, претпосавуваме слики на Катица вредни околу 5000е, а таа за возврат прифатила да го ослободи Камчев?!?!

Притоа била спремна да го ослободи од затвор но и од плаќање на значајна сума како оштета на државата, ОЈО споменува некаква смешна незначителна сума која Камчев требало да ја плати, значи далеку помала од штетата која се споменуваше во Империја од околу 12 милиони евра?!?!

ОЈО изнесе теза дека Катица со своите дејствија им овозможила на Боки и Зоки Кичеец да се стекнат со 1,5 милиони евра а крајната цел била 8 милиони евра пари кои требало да се земат од Камчев.

Катица ги променила барањата за притвор кон Камчев иако немало променети услови од првичните барања за притвор, исто така се јавувала на Камчев за да му даде до знаење дека двајцата осомничени Зоки Кичеец и Боки имале влијание врз неа и дека се дел од исто сценарио.

Чудно е зошто ОЈО не поднесе обвинение за злосторничко здружување, дело кое има поголеми казнени одредби.

Ова е голем шок за сите оние кои имаа уште малку надеж дека Катица Јанева е невина и дека е невина мета на некаква хајка. Факт е дека таа со овие свои постапки нанесе огромна штета на СЈО и на државата а притоа им даде голем подарок на криминалците против кои таа требаше безмилосно да се бори до крај.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија