Ловечката Федерација на Македонија со остра реакција до Анима мунди: Бараме извинување и ве покануваме да не посетите за да се запознаете што е тоа ловство за да не се бламирате во иднина!

Објавено на 21.08.2019 во 11:27:31 часот | Македонија

Реакција на Ловечката Федерација на Македонија на соопштение на Анима мунди:

Ловечката Федерација на Македонија е згрозена од писмото објавено во угледниот портал ЛИБЕРТАС,од страна на АНИМА МУНДИ,во кое крајно неинформирани за глобалниот проблем со Африканската чума кај свињите,како и елементарно непознавање на Ловството како значајна стопанска дејност,ги навредуваат ловците со погрдни зборови во стилот: ,,болни умови”, ,,лудаци” и други слични формулации,со класичен тон на говор на омраза!

Ловството пред се е одгледување и заштита на дивечот,чиј резултат е неколкукратно зголемена популација на дивечот во целата држава. Оној мал процент што се отстрелува е ,,одгледувачка мерка”,со цел да не се надмине економскиот капацитет на ловиштето и да премине во биолошки капацитет,што значи класична пренаселеност,причинување на штети во земјоделството,како и појава и ширење на болести!

Ловечката Федерација бара јавно извинување од АНИМА МУНДИ кон ловците и притоа ги покануваме водечките луѓе на оваа организација да повелат во просториите на Ловечката Федерација во Скопје на едукација,за да друг пат не се бламираат со вакви писма!

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет