Јошевска: Не може Јанева да ја „брани“ адвокат кој застапува обвинет од СЈО!

Објавено на 20.08.2019 во 13:42:40 часот | Македонија

Фактот што денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева влезе на распит за истрагата за „Рекет“, заедно со адвокат, го проблематизираат голем број на адвокати, кои повикувајќи се на својата пракса, велат дека досега не им било дозволено на сведоците да бидат испрашувани во присуство на бранител. Сепак, повеќе проблематично, според адвокатката Сузана Јошевска е тоа што адвокатот на Јанева, Стеван Павлески, е бранител и на бизнисменот Цветан Панделевски, осомничен во случајот на СЈО „Империја“.

Исто така, Павлески му е бранител и на екс директорот Љупчо Ѓорѓиевски, обвинет во случајот „Траекторија“.

-Прво, проблематично е што е воопшто со адвокат, ама тоа е помалиот проблем.
Поголемиот проблем е што е со адвокат кој е бранител на еден од обвинетите во предмет кој таа го гони.
Согласно законската дефиниција, под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности. Зошто ова ни се случува?!, вели адвокатката Јошевска.

„Фокус“ веќе објави дека Јанева одлучи на Панделевски да му даде времен пасош, како и на бизнисменот Орце Камчев, и двајцата осомничени во „Империја“.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет