СЕПАК СЕ РАБОТЕЛО ЗА ЧОВЕК ПАРТИЈА: ГРОМ НА СТЕВЧЕ СЕ РАСПАДНА ОТКАКО ЛИДЕРОТ ЗАМИНА ВО КУЌЕН ПРИТВОР, ПОСЛЕДНА АКТИВНОСТ ИМАЛЕ ВО ЈАНУАРИ ГОДИНАВА

Објавено на 20.08.2019 во 13:08:03 часот | Македонија

Некаков прес пред бараките на Град Скопје во јануари годинава, тоа е последната партиска активност на партијата ГРОМ.

Некаде тој период односно еден -два месеци подоцна во домашен притвор замина и лидерот на партијата, екс градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски.

И од тогаш ни трага ни глас од ГРОМ?! Каде е членството, каде се тие борци, или ова беше човек - пајтон партија?!?!

Додека можеше да се лапа, додека Стевче беше на функција и на чело на најбогатата општина во земјава, тогаш имаше партија, откога падна од власт и откога ВМРО ДПМНЕ падна од власт и особено откако лидерот замина во затвор, сите се разбегаа?!

Нема муфте?! Нема лапање и локање по кафаните во Карпош на сметка на општината?!

Нема пари во кеш за теренски активности?!

 

 

* реклами:

Македонија

Свет