(ВИДЕО) КАКО СИ ДОЗВОЛИ ВМРО ДА ИЗГУБИ ВАКОВ ЧОВЕК: Од листа на чекање Јанчев смести околу 500 деца во градинка!

Објавено на 20.08.2019 во 12:46:02 часот | Македонија

Кавадарци целосно го решава проблемот со капацитет за сместување деца во градинка. Годинава, на листата на чекање беа 485 дечиња и сите беа примени во градинка, информира денеска градоначалникот Митко Јанчев.

На листата на чекање, посочи, остануваат само дечињата кои се родени годинава и немаат полни девет месеци и дечињата од село Возарци кои ќе бидат примени кога ќе се заврши реконструкцијата на занималната со капацитет за 30 деца, а се очекува да биде готова во октомври годинава.

Еден од капиталните проекти на општина Кавадарци, како што рече, заедно со Министерството за труд и социјална политика и Владата, е изградбата на нова градинка, која ќе заврши во 2020 година со капацитет за 180 деца.

– Овој голем проблем конечно е решен во нашата општина, а со изградбата на новата градинка ќе се реши долгорочно. Малиот, незначителен процент на невработеност во Кавадарци, економскиот развој, интензивното модернизирање на инфраструктурата и движењето на нашата општина во правецкој значи прогресивен напредок, повлекуваат и обезбедување услови за развој на младите и згрижување на децата во поголем број, односно потреба за поголем капацитет – нагласи Јанчев.

Тој рече дека радува фактот што наталитетот во општината од година во година сѐ повеќе се зголемува. Јанчев истакна дека основата за решавање на проблемот, била сплотеноста, доброто менаџирање од негова страна, стручните служби и соработката со сите советници во Советот на општината, без разлика од која партија се тие или се независни.
 
Новата градинка ќе се гради со грант од Светска банка, преку Министерството за труд и социјална политика. Општината ја изврши експропријацијата на земјиштето, го плати откупеното земјиште од приватни лица и го изготви проектот.

Според Јанчев, во Кавадарци има интерес и за изградба на приватна градинка. Новиот генерален план е веќе одобрен, сега е во фаза изработка на детален план за таа парцелизација.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет