Никола Поповски нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот

Објавено на 20.08.2019 во 12:28:51 часот | Македонија

Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја информираше јавноста дека г-дин Никола Поповски е избран за нов ВД Главен извршен директор и член на Управниот одбор на Банката.

Поповски доаѓа на местото на досегашниот прв човек на Развојната банка, Кирил Колемишевски кој оваа функција ја извршуваше во претходните 3 месеци, почнувајќи од 15-ти мај.

Покрај Никола Поповски, член во Управниот одбор на Македонската банка за поддршка на развојот е и Вељанд Рамадани, кој воедно е и ВД Главен оперативен директор.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет