Најчевска за ВМРО ДПМНЕ: Во опозиција блокира, во позиција краде, мами и манипулира

Објавено на 19.08.2019 во 19:58:34 часот | Македонија

Реакција на професорката Мирјана Најчевска по повод веста на порталот Фактор „Што му подготвува Мицковски на Заев“.

-Јас би била изненадена доколку ВМРО-ДПМНЕ смисли нешто оригинално и свое кое би било соодветно на ситуацијата. Би била изненадена на пример да направи некоја анализа, да даде проекција на иднината, да направи паралели. Би била максимално изненадена да понуди решенија.

А да блокира институции кои се обидуваат да профункционираат и да работат и да блокира улици и да вади народ со сладолед и сендвичиња, тоа е веќе видено и најверојатно е и највисок дострел на оваа партија кога е во опозиција.

Кога е во позиција си има други дострели ама на друго поле. На пример највисок дострел има во крадење и во мамење и во манипулирање и во закопување на граѓаните во фекалии.

Тука е недостижна.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет