Пола век од најголемиот музички фестивал на сите времиња - Вудсток: Педесет години на магијата!

Објавено на 16.08.2019 во 21:47:15 часот | Забава

Branko Trickovski

Вудсток: Педест години на магијата!

На 15 август 1969 година, на фармата на Макс Јасгур, во селото Бетел, 110 километари од градот Вудсток, во државата Њујорк, се собраа меѓу 400 илјади и половина милион млади луѓе и во три дена непрекината свирка на тогашните и идни великани на рокот, на дожд и во кал, во неверојатна атмосфера исполнета со многу љубов, добри намери, дрога и музика, ја испишааа легендата за Вудсток, тоа рокерското евангелие на хипиците и на сите млади во сите генерации, се до смртта на рокендролот. Па дури и потоа. 

Во културолошка смисла, Вудсток беше тоа што беше фордовата револуција во автомобилската индустрија, Октомвриската револуција во комунистичката утопија или гејтсовата во компјутерите, џобовската револуција во мобилната телефонија или цукербершката во социјалните мрежи.
Мир и музика, тоа беше мотото на фестивалот. Но, доминираше и љубовта. Многу деца се зачнати на ливадата на Јасгур. Настапија Џими Хендрикс, Карлос Сантана, Грејтфул Дед, Џеферсон Ерплејн, Џо Кокер, Криденс Клирвитер Ривајвл, Крозби Стилс Неш и Јанг и многу други.

Фестивалот имаше и антивоен карактер бидејки во тоа време актуелна беше војната во Виетнам.

Убави, полетни, ослободувачки времиња беа тоа. Многу различни од денешните пивофести и пастрмајлијади. Таа 1969 година моите другари дојдоа да студираат во Скопје, а јас како една година помлад, останав во Свети Николе. Тоа беше крај на нашиот ВИС “Фантоми”, еден од првите бендови во Македонија.

 

 

* реклами:

loading...

Забава

Македонија