Добро бе Мицковски, кого ти правиш будала, ако новинарите на 1 ТВ се нечисти, што е со новинарите на твојата омилена Алфа ТВ која се финансира од Будимпешта или пак новинарите на Нова кои ги трошеа парите од тендерите од РЕК или пак новинарите од Сител и Канал 5 кои 10 години цицаа пари од буџетот?!?!

Објавено на 15.08.2019 во 13:15:35 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Овој Мицковски сеуште игра на картата дека народот пие нафта. Сеуште мисли дека народот е удрен со мокра чорапа. Покажиува со прст кон новинарите од 1 ТВ, биле плаќани со црни валкани пари...

А што е со новинарите на неговата омилена Алфа Тв, со какви пари се плаќани тие? Телевизијата е во сопственост на газди од Будимпешта, каде што е бегалецот Груевски?!?! Тие пари какви се, чисти ли се?!

И што е со новинарите на Сител и Канал 5 кои 12 години цицаа пари од буџетот на државата, над 100 милиона евра се фрлија за кампањи и реклами на владата за разни глупости.

Мицковски тогаш молчеше и денеска ги обожава овие медиуми, но му смета 1 ТВ?! 

Какви се тие двојни стандарди, свесен ли е Мицковски дека народот е разбуден и не е истиот што молќеше 12 години под чизмата на Груевизмот?!

Спремен ли е Мицковски за новите околности во земјава кога народот не молчи и не пие веќе нафта и не ја ведне главата за сабја да не ја сече?!

Спремен ли е Мицковски за тој нов политички контекст или ќе си тера таму каде што застана Груевски?!

Толку ли е неспособен и неталентиран за политика?! Не може со тие стари финти Мицко, помина тоа време, мењај лента одма!!!

п.с Еден од тие новинарите кои лапаа пари од РЕК сега е портпарол на ВМРО ДПМНЕ?!?! Цццц и Мицко најде да продава м... за бубрези!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија