Нека не ве лажат овие ЕЛИТИСТИВЕ кои се УВРЕЃЕНИ, изјавата на Заев е нож забоден во срцето на ВМРО ДПМНЕ, со еден потег УМРЕ операцијата ВРАЌАЊЕ НА МАФИЈАТА НА ВЛАСТ!!!

Објавено на 14.08.2019 во 18:23:34 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Едно нешто што Заев многу добро го знае е дека на избори не гласаат овие 1000 елитисти од невладините кои денеска крекаат дека се многу увреѓени, туку гласаат тие 800 000 граѓани кои не се баш толку многу одушевени од либералните елитистички вредности кои ги промовираат невладините.

Заев мораше да одигра ризичен потег со кој ќе ја спречи мафијата да се врати на власт. И секако, пак одигра неверојатен ризичен но убиствен потег, како оној во 2016-та кога подаде рака на Албанците и ги извади од такт ВМРОВЦИТЕ кои тоа не го очекуваа. Се потоа е историја, СДСМ доби 40 000 гласови од Албанци, ДУИ се исплаши и во последен момент ја раскина коалицијата со ВМРО ДПМНЕ иако беше спремно и договорено се, и влада и министри и закони и све...

Исто ти сега, мафијата не очекуваше дека Заев ќе замавне толку јако со таков МУРТИНСКИ аперкат и ќе ги нокаутира со една сељачка изјава која одллично резонира кај народот.

НАРОДОТ КОПНЕЕШЕ ПО ТАКВА ИЗЈАВА СО НЕДЕЛИ!!!

На народот му се огади од Боки 13-ка, од се што он преставува, аздисаност, расипаност, ненормалност од секој облик. 

На народот му дојде и преку тасе од суетниот Геро. И му се огади и од криминалците кои глумат жртви.

Заев сето тоа го компресираше во една реченица и таа пукна како бомба во етерот.

Погледнете ги сега социјалните мрежи, народот е одушевен од Заев, едино што мрчат е десетина - дваесет лидери на невладини кои тоа им е работа, да мрчат и да кењаат иако добро знаат дека СДСМ и Заев се единствените политичари кои се спремни да им помогнат на ЛГБТ заедницата и на сите малцински групи во земјава.

ВМРО ДПМНЕ е тотално збунето и извадено од шини. Дури два дена со соопштенија ја бранат ЛГБТ заедницата и Боки од СДСМ и Заев?!?! Леле леле леле!

ОВА Е ЛУДО ДО НИВО НА ТЕШКА ЕПСКА ТРАГИ КОМЕДИЈА!!! 

Нападот е одвратен, никој веќе не збори за ЛА ВЕРИТА и РЕКЕТ, ВМРО ДПМНЕ се надеваше аферата да БРУИ барем 1 месец но умре по 3-4 дена благодарение на Заев и неговата снаодливост и храброст и одличен талент за политички рефлекс и контра напад.

Само Трамп го има тој талент на повисоко ниво од Заев!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија