Премиере следи го примерот на Доналд Трамп, ич не ги е** два посто медиумите и новинарите, комуницирај со јавноста дирек на социјални мрежи!

Објавено на 14.08.2019 во 15:19:47 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Значи дај да бидеме реални. Македонските новинари се меѓу најглупите луѓе во земјава.

Ако се сетите на времето кој се запишуваше на новинарство на крај на средно? Само тие што се глупи, мрзливи или сакаат да се акаат низ Скопје демек нешто студираат? Слично на оние што студираа историја на уметност или филозофија...

Најпаметните највредните деца се запишуваа на медицина, електро, ПМФ, фармација, економски донекаде и правен...

Така барем беше пред 20 години кога ја студирав.

Тоа е едната работа. Втората работа е што денеска когас има 1000 медиуми што радија, што телевизии, што весници, што портали, само ЛОШАТА ВЕСТ се продава, додуше тоа важеше и порано, ама сега е ептен ПРАВИЛО!

Значи медиумите сакале неќеле ќе си работат во своја корист, значи да бидат читани, значи во се ќе бараат чарка, маана, скандал, афера, проблем, катаклизма...

Според мене Заев треба да го следи примерот на Доналд Трамп, актуелниот претседател на САД.

Значи не ги цензурирај, не ги затворај не ги казнувај медиумите и новинарите, само ич не ги еби два посто!

Комуницирај со народот преку социјални мрежи и преку 1-2 медиуми кои се фер спрема тебе и немаат намера да те масакрираат за да си креваат рејтинзи и читаност.

И тоа е тоа премиере, лесно е, нека ти објасни некој што прави Трамп во моментов во Америка, нон стоп си пишува на Твитер по цел ден, си држи митинзи по цела Америка како да е изборна кампања, а не е, си дава интервјуа само на две телевизии, Фокс Њуз и тоа само утринска програма и евентуално АБЦ или НБЦ но зависи како е расположен.

Не сака да чуе за Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, ЦНН итн итн не само што не ги ферма туку и лом ги прави ги нарекува ЛАЖНИ ВЕСТИ, дури некогаш и малце претерива ги нарекува НЕПРИЈАТЕЛИ НА ДРЖАВАТА, јас тоа не би ти го препорачал да го правиш, тоа е премногу.

Работи си добро и квалитетно, слушај го гласот на народот но многу со новинарите и медиумите не се расправај, они се ем глупи, повеќето, ем се расипани, работат во своја корист, да шитнат некое весниче повеќе или да скокнат некој процент на рејтинзите, ги боли тасе нив ВМРО дали ќе се врати реформирано или нерефермирано, дали ќе добиеме датум, дали ќе срушат влада што можеби ќе сонуваме пак 10 години за иста таква или приближно таква итн итн...

Тоа е тешка багра, не е само Геро, пун курац ги има како Геро, врие по мак медиумите како него...

Башка нашите новинари се тешка стока поткуплива, додека ги ранеше Грујо се беше розево, сега ти не им фрлаш ниту коска, им фрлија неколку олигарси неколку бутове за да се спасат од СЈО и сега масакар го прават и СЈО и Катица и тебе, Орце бил жртва, абе комедии... Истиот тој Орце кој им ја сјеба МПМ и остави на улица 500 новинари од Дневник, Вест и Утрински...

Абе комедии се нашите новинари, тешка багра неинтелигентна...

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија