ДА ДОБИЈАТ ЗОКИ ЗАЕВ И СДСМ УШТЕ 4 ГОДИНИ МАНДАТ, ЗЕМЈАВА НЕМА ДА МОЖЕ ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕМЕ, СРЦЕТО ЌЕ НИ ПЕЕ ОД РАДОСТ И ГОРДОСТ КОГА ЗЕМЈАВА ЌЕ НИ ЛИЧИ НА СЛОВЕНИЈА!

Објавено на 13.08.2019 во 11:12:29 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Утрово се расправав со еден угледен бизнисмен и менаџер кој е у основа ВМРОВЧЕ у душа, на тема Заев, СДСМ, влада...

Му велам: 

- Друже, Заев да добие барем уште еден мандат од 4 години, нема да може земјава да ја познаете, срцето ќе ви пее од радост од гордост кога ќе гледате како се трансформирала земјава за тие 4 нови години... Автопати од Скопје до Софија, Приштина, автопат од Скопје до Охрид нон стоп без оние слаломи на Стража, нов клинички од пола милијарда евра, десетина големи регионални депонии ширум земјава, колектор на Вардар од 100 милиона евра, крапови и пастрмки ќе скокаат во Вардар во центар наместо лајна и пластични шишиња, Петре го зема БЕГ и ќе го однесе парното до Драчево и Волково, нема веќе греење на дрва, Скопје ќе биде како Стокхолм, тунели под Кале, нема да има сообраќаен метеж, ќе се почне и трамвајот...

- Замисли му велам, нови 80 фабрики странски инвестиции покрај тие 20 што досега дојдоа, збачи вкупно 100 со над 50 000 работни места плус уште 100 000 нови работни места во домашната економија, замисли плати од 1000е просек, нови стотина градинки, школи, болници, експресни патишта до секоја наша вукојебина, канализации, водоводи, плоштади, паркови...

- Целосна демократија, правен систем како во Данска, одговорни медиуми независни и неплатени од владата, одговорни и транспарентни институции, мафијата и криминалците во Шутка и Идризово освен некои ситни џепароши и крадци на капаци на шахти, развиено земјоделие со богати села и мали градови, поради висиокиот стандард ќе имаме и богати хотелиери, кафанџии, музичари, спортот ќе живне народот ќе може да плати карти на стадиони од кои ќе се делат високи плати на спортисти па нема да играат во Германија туку овде ќе останат и тие...

- Со полниот буџет ќе има големи инвестиции во образованието и науката, во здравството, во екологијата, народот ќе може да си купи стан и да го отплати за 10 години без да јаде паштета, конзерви и шпагети, ќе летуваме сите во Египет, Карибим Шпанија а нема да се стискаме во една собичка во Ханиоти јадејќи од тенџере макарони, ќе возиме сите нови коли максимум стари до 5 години а не како сега стои беџ од Ауди или Мерцедес а тркалата само што не испаднале затоа што колата била направена уште кога Германија не беше обединета...

- Замисли му велам политичари кои ќе имаат срам и ќе се плашат од јавноста, замисли земја членка на НАТО и ЕУ, модерна, средена, мирна, стабилна, спокојна, главни вести на денот ќе бидат како некоја мачка се качила на дрво па пожарникари цел саат ја мамеле да спадне со конзерви сардина..

- Замисли десетина големи хидроцентрали како Чебрен, Галиште и другите, замисли 10-тина големи паркови со сончеви колектори, десетина големи ветерни паркови како тој во Богданци, тоа значи дека РЕК Битола ќе го пуштаме само зимно време, значи нема увоз на струја, нема загадување во Пелагонија, РЕК Битола ќе добие конечно и филтри вредни 50 милиона евра па нашата житница нема да биде покриена со пепел, повисока откупна цена за грозјето, тутунот и сите други продукти затоа што народот ќе јаде повеќе ќе се множи повеќе тука ќе остане и тука ќе јаде и ќе прави веселби и свадби и родендени а не по Шевдска и Немачка како сега...

- Замисли му вела мотивирани професори, цајкани, војници, судии, обвинители, цариници, доктори, поштари и инспектори кои наместо сегашните 25 000 денари ќе земаат по 60 000 денари плата во просек а трошоците да се горе доле исти, па кое лудило ќе биде тоа бе шефе?!

Еј еј ми вели, полека бе, пола од ова да се оствари на коњ сме, абе ќе биде човече, нели гледаш за овие 2 - 3години колку се среди земјава, замисли уште 1 плус 4, значи уште 5 години ваква одговорна власт која парите ги лупа тамо каде што насушно требаат а не за споменици и пропаганда и пљачка, каде ли ќе ни биде крајот?!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија