Име совршено логично објаснување на поврзаноста на челниците на СДСМ со Боки 13-ка и сите тоа сега намерно или ненамерно го забораваат!

Објавено на 11.08.2019 во 11:05:49 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Сите оние кои сакаат да му наштетат на СДСМ и на Зоран Заев, одат со еден ПР напад кој е многу интересен.

Тие намерно забораваат кој беше Боки 13-ка кога Заев и екипата се сликаше со него.

Тоа беше НОВИОТ РЕБРЕНДИРАН БОКИ 13-КА, не беше тоа оној стариот скандал мајстор! НЕ, ова беше новиот Боки 13-ка, хуманитарецот, бизнисменот, активистот, зрелиот Боки, барем така се преставуваше во јавноста и сите паднавме на тоа, или барем повеќето од нас.

Што можеше СДСМ да стори во таква ситуација? Да одбие да се слика со него, да одбие да му даде поддршка на неговите мегаломански идеи како он ќе ги спасел сите бездомници сите гладни сите сиромашни?!?!

Па нели се сеќавате како со недели он спасуваше луѓе кои беа во криза, им наоѓаше станови, куќи, им плаќаше облека храна итн итн...

Тоа беше долг процес во кој Боки сам почна да го води патот кон едно похумано општество. Да нешто не штимаше во целата приказна, но некогаш како луѓе си велите, ајде да бидам малце со отворен ум и со отворена душа и да не судам кој како изгледа и се однесува, туку да видиме што прави, за кои принципи и идеи се бори?

А кои беа идеите тогаш на Боки со кои парадираше во јавност? Грижа за сиромашните, правда за сите, мафија на робија итн итн...

Функционерите на СДСМ водени од истите тие идеали наседнаа на неговата стапица и влегоа во неговата мрежа каде тој со блискоста со толку моќни луѓе потоа тргувал, рекетирал, маткал ...

Но СДСМ нема вина за тој друг лик на Боки 13-ка, тој тогаш се преставуваше како хуманитарец активист нов бизнисмен кој сака да прави нови медиуми каде ќе има вистинско новинарство и навистина листата на новинари му беше импресивна.

Кој може нешто да каже нешто лошо за Кабранов, Ордановски, Костова, Јовановски, Чомовски? Па тоа се бре БЕТОНСКИТЕ АРМИРАНИ СТУБОВИ НА МАК НОВИНАРСТВОТО!!!

И што можеше тука СДСМ и Заев да направат? Да бегаат од хуманитарецот Боки 13-ка кој со својата невладина во која членуваа видни луѓе од јавниот живот и ветуваше искоренување на гладот и сиромаштијата во земјава со помош на фондови од ЕУ?!

Да бегаат од новиот ТЕД ТАРНЕР, РУПЕРТ МУРДОК кој спрема мега телевизија со солидна програма, импресивни уреднички имиња, одлична сценографија, да бега ли СДСМ од таквиот медиум?

Со кој изговор ќе бегаа? Боки е педер?! Боки е многу либерален? Боки е многу хуманитарен? Боки се облача многу скапо? Боки порано беше скандал мајстор, па нели секој заслужува втора шанса?

Едноставно сите забораваме дека СДСМ беше близок со многу друг Боки 13-ка од оној кој го знаеме денеска - РЕКЕТАР, КУМ НА ПОДЗЕМЈЕТО, КРИМИНАЛЕЦ СО ТОРБИ ПАРИ, БАРАБА ТЕШКА МАФИЈАШКА!

Обидот СДСМ и Зоки да се залепат со еден таков Боки е срамно ПР подметнување.

ВМРО ДПМНЕ и нивните олигарси останаа во верен брак години и години откако пукнаа бомбите на Заев и се виде кој како работел. Сега СДСМ и Зоки ќе се дистанцираат од Боки 13-ка кога дознаа за каков човек навистина се работи.

Не е исто да останеш пријател со Хипо Пешевски ОТКАКО се дозна каков бараба и мафијаш е преку снимките на Заев, и да велиш дека СДСМ и Заев биле во блиски односи со Боки рекетарот кога тие беа блиски со еден сосема друг Боки, една слика која тој ни ја прикажуваше на сите нас толку многу успешно, па и на сите политичари но и на сите големи новинарски имиња кои згрешија со тоа што му дадоа шанса.

И за тоа ли сега треба тие да одогвараат, што дале некому шанса, а овој не ја искористил правилно туку таа шанса и ја злоупотребил за криминални активности и за тоа ќе си одговара пред законите и пред судовите?!?!

п.с Ако Боки 13-ка бил во мафијашки рекетарски пакт со Заев, зошто се јавувал на некој од Алфите да праша дали го следат? Зарем тоа не е најголем доказ дека тој делувал САМ НА СВОЈА РАКА ВЕШТО МАМЕЈЌИ ГИ СИТЕ КОИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛ, ОД ЗОКИ ЗАЕВ ПА СЕ ДО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ВО ЦЕЛАТА МРЕЖА НА ФУНКЦИОНЕРИ; НАЈВЕРОЈАТНО НАЈГОЛЕМА ЖРТВА Е ТОКМУ КАТИЦА ЈАНЕВА?!?!

п.п.с Па дури и јас кој го избркав Боки 13-ка од емисија пред 10 години сега паднав на неговата ПР преобразма, му дадов  целосна поддршка за неговите проекти, иако малку се загрижив кога почна проектот Инсајдер, почна нешто да ми срмди од тој момент, но веројатно и тогаш се вкличиле и алармите кај СДСМ но тогаш беше веќе касно, меморандумите за соработка веќе еба поптишани, фотките беа напрабвени, стапицата веќе беше поставена и СДСМ со едната нога беше длабоко нагазена во таа стапица...

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија