ХОРОР ВО АМЕРИКА, МАСОВНИ УБИЈЦИ ПРАВАТ МАСАКРИ ЗА СЛАВА: 10 ЗАГИНАТИ И 16 ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ДЕЈТОН, ОХАЈО, НЕКОЛКУ ЧАСА ОТКАКО ЗАГИНАА 20 ВО НАПАД ВО ЕЛ ПАСО, ТЕКСАС

Објавено на 04.08.2019 во 12:49:39 часот | Свет

10 ЗАГИНАТИ И 16 ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ДЕЈТОН, НЕКОЛКУ ЧАСА ОТКАКО ЗАГИНАА 20 ВО НАПАД ВО ЕЛ ПАСО

Пукањето во Дејтон се случи во областа Орегон, популарна меѓу туристи и локални жители, полна со ресторани и кафулиња. (Фото: Твитер)

Десетмина загинаа во пукање во Дејтон, Охајо, соопшти локалната полиција. Според полицијата во Дејтон, меѓу загинатите е и осомничениот напаѓач, а во инцидентот се повредени 16 лица.

Пукањето се случи во областа Орегон, популарна меѓу туристи и локални жители, полна со ресторани и кафулиња.

Пукањето во Дејтон се случи само неколку часа откако 20 луѓе беа убиени и уште 26 беа повредени во Ел Пасо, Тексас, каде што вооружен напаѓач почна да пука во „Волмарт“.

 

 

* реклами:

loading...

Свет

Македонија