ВИДЕО Рафално пукање во трговски центар во Тексас, убиени 18 луѓе

Објавено на 03.08.2019 во 23:12:09 часот | Свет

Повеќе луѓе се убиени во пукање во трговскиот центар Волмарт во Ел Пасо, Тексас, соопштија локалните власти.

Осомничените за пукањето се упасени и притворени. Најверојатно станува збор за тројца осомничени кои се наоѓаат во притвор, но се уште нема официјална информација.

Според дел од медиумите убиени се 18 луѓе, но се уште нема официјална информација ниту за бројот на загинати.

Feliz Karen News@felizkrennews
 
 

At least 18 people shot at Cielo Vista Mall, in , El Paso .

 
Embedded video
 
67 people are talking about this
 

 

Полицијата претходно објави дека добила дојава за вооружен напаѓач кој испукал рафали, по што биле застрелани повеќе луѓе. Во текот на денот полициските органи ги предупредија граѓаните дека пукањето е се уште активно со напомена да не се приближуваат до трговскиот центар.

Трговскиот центар се наоѓа на само неколку километри од американско-мексиканската граница.

 

 

* реклами:

Свет

Македонија