(ВИДЕО) ПУТИН ВОВЕДЕ ТОТАЛНА СТАЛИНИСТИЧКА ДИКТАТУРА ВО РУСИЈА: Повеќе од 600 луѓе уапсени на денешните протести во Москва, новинари и уметници меѓу нив

Објавено на 03.08.2019 во 22:14:43 часот | Свет

Стотици луѓе се уапсени за време на денешните протести во Москва, а меѓу уапсените е и Љубов Собаљ, кој се смета за главен противник на Владимир Путин.

Собаљ бил пресретнат од полицијата додека се возел во такси уште пред да се придружи на демонстрациите. Полициски службеници го извлекле од возилото и го уапсиле. Меѓу приведените демонстранти има и новинари и актери.

Новая Газета
 
@novaya_gazeta
 
 

Задержания на Чистых прудах

 
Embedded video
 
64 people are talking about this
 

 

Полициските сили се распоредени насекаде низ Москва бидејќи демонстрантите овој пат маршираа низ главните улици, наместо како претходно да се соберат на плоштадите.

Според Ројтерс уапсени се над 600 луѓе. Гардијан пишува дека главните булевари во Москва се затворени за сообраќај и дека интернетот во главниот град е блокиран.

Руска „Нова Газета“, пак, пишува дека се блокирани бројни Јутјуб канали и дека се извршени хакерски напади на неколку сајтови.

Протестите се одржуваат во пресрет на септемвриските избори на градската власт во Москва, на кои опозицијата најверојатно нема да учествува.

Институциите одбиваат на листите да ги впишат опозициските кандидати со образложение дека не биле собрани доволно потписи.

 

 

* реклами:

Свет

Македонија